Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”, ресторанот ужива идилични окруженија
Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”, ресторанот ужива идилични окруженија. Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали.
Виното е срцето и душата на ова место, јасно изразена страст, а винскиот бар е местото каде што таа страст се споделува со остатокот од светот. Дрвениот ентериер, испегланите покривки, совршената топла светлина, музиката која што им дава смисла, претставуваат ансамбл на гестови кои дефинираат еден начин на живот.