Вевчани | Каде за Викенд

Вевчани

Природа

Вевчани е село во областа Дримкол во околината на градот Струга

Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. На патот кон Струга после селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Доколку патувате од Охрид, оддалечено е 30km. Тимот на CRNOBELO.com реши да ја посети „државата Вевчани“.

На сред село не пречекаа љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.


Vevcani, North Macedonia

Сите тагови