Хераклеа е антички град основан кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, се наоѓа во близина на градот Битола
Хераклеа Линкестис е еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт.
Во средината на II век п.н.е. Римјаните ја освоиле Македонија и ја уништиле нејзината политичка моќ, а потоа ја претвориле во провинција и ја разделиле на четири области. И покрај ваквата состојба, Хераклеа која што припаѓала на четвртата област во римскиот период доживеала извесен просперитет. Тоа се должи, пред се на изградбата на патот via Egnatia на кој што овој град бил важна станица.
Од римско време во Хераклеа се откриени и презентирани објектите: терми, портик со почесни и вотивни споменици, театар, a се идентификувани и делови од други објекти во рамките на градските зидини и надвор од нив.
286V+92J Bitola, North Macedonia
047 235 329