Зрзе е село во Општина Долнени, околината на градот Прилеп, во чија близина се наоѓа манастирот „Св. Преображение“
Зрзе е познато село во околината на Прилеп на северозападната страна на Пелагонија. Се наоѓа во крајниот северозападен дел на Прилепското Поле недалеку од Порече. Сместено е на територијата на Општина Долнени на границата со соседната Општина Македонски Брод. Западно од Зрзе е високиот варовнички масив на планината Даутица, додека на исток се простира пространа плодна низина. Селото е планинско на надморска височина од 720 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 33 километри.
Зрзе, North Macedonia