Мокринските извори | Каде за Викенд

Мокринските извори

Природа

Во подножјето на планината Беласица се наоѓаат Мокринските извори, прекрасно место за одмор и рекреација

Мокрино е село во Општина Ново Село, источно од градот Струмица. Се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри и до него се доаѓа по солиден асфалтен пат. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат издашност од 40 литри вода во секунда. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога луѓето се доселиле на тоа место, започнале местото, а подоцна и селото да го викаат Мокрино. Интересно е да се спомене дека во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои и на Мокрино, кој се споменува како посед на некој си Рудл кој живеел во Струмица. Познато е дека Мокрино и неколку други села, уште пред Турското завладување биле дадени за посед на Хиландарскиот манастир. Ваквиот статус го задржале се до битката кај Ровин во 1394 година, кога господари станале Турците. Важно е да се одбележи дека меѓу сите села, само во Мокрино не се населиле турски колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.


Mokrinski Izvori, North Macedonia

Сите тагови