Кораб Трница | Каде за Викенд

Кораб Трница

Ресторани

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја се наоѓа комплексот „Кораб Трница“.

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година. Од почетокот на своето постоење, главната дејност била одгледувањето овци, а со тоа и производство и самостојна продажба преку сопствени продавници  на млечни производи и на месо. „Кораб Трница“ како бренд станува познат по надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“. Со текот на годините претпријатието бележи континуиран раст и проширување на своите дејности. Оттаму, во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“, а потоа е дополнет и со сместувачки комплекс. Како посебно обележје на ресторанот станува качамакот, кој се служи со кисело млеко, со „кораб кашкавал“ или со „трничко сирење“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб.

Комплексот овозможува разни активности како што се: лов и риболов, рафтинг, планинарење, кампување,  велосипедизам и, на што сме посебно горди, овозможуваме тура јавање на коњи, која вклучува јавање до Галичник или до бачилата на Кораб, пикник со ланч-пакет и враќање на почетното место.


Комплекс Кораб Трница, Trnica, North Macedonia

076 361 953

Сите тагови