На 5 км од Тетово, во село Брвеница се наоѓа уникатниот и традиционален ресторански комплекс Бакал, со преубава природа и уникатни специјалитети
На 5 км од Тетово, или за само 15-тина минути од Скопје во тетовското с. Брвеница се наоѓа уникатниот и автентичен ресторански комплекс Бакал, место кое со својот уникатен амбиент, содржина, преубава природа и уникатни специјалитети веднаш ќе ве освои, место каде секогаш ќе сакате да се вратите.
Ресторанот Бакал нуди топла семејна атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој љубовен состанок се претвора во бескрајно задоволство, а секој деловен ручек има позитивна и конструктивна атмосфера зачинета од амбиентот. Жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран во ресторанот со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов никого не остава рамнодушен.
Bakal, Marsal Tito, Brvenitsa, North Macedonia
070 283 845