СЛИВ – Бисер на угостителството во источниот регион на Македонија. Располагаме со два сместувачки објекти кои работат наизменично во однос на временските услови и тоа:
Хотел Слив се наоѓа на ул. Кочански пат бр. 2, на самиот влез во градот Виница со сместувачки капацитет како и ресторан со богато мени со македонска традиционална и современа кујна.
Најпознат специјалитет и особен белег се се вкусните СЛИВСКИ пастрмајлии прочуени надалеку.
Обично работи само зимска сезона.
Рибник Слив се наоѓа на самиот пат Виница-Берово, на ул. Горна Осојница бб и располага со летна тераса која работи и фунционира во периодот од април до септември. Она по што се разликува од другите во регионот е недопрената природна убавина околу во која може да избегате и уживате надвор од градскиот метеж и загаденост. Исто така, уживањето може да го проследите со богато мени меѓу кои се издвојува вкусно подготвената свежа пастрамка.
Во двата објекти се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 според протокол од надлежни институции.