Лазарополе | Каде за Викенд

Лазарополе

Природа

Лазарополе - Маврово претставува едно од највисоките и најубавите села во Република Македонија. Познато по локалната традиционална архитектура и недопрената природа

Ако скршнете од патот Маврово – Дебар, кај Бошков Мост, на 145 км од Скопје (околу 2 часа возење), на 75 км од Гостивар и на 23 км од Дебар, ќе стигнете во село Лазарополе. Тие што ќе им биде првпат, ќе бидат воодушевени, тие другите – добро ќе знаат зошто се враќаат. Лазарополе е една од највисоките (на 1350 метри надморска височина) и најубавите селски населби во Република Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во југозападниот дел на живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон Гарска Река и планината Стогово.

Лазарополе има клима за мерак, со повремени медитерански влијанија кои навлегуваат од долините на Црни Дрим, Радика и Мала (Гарска) Река. Летата се свежи (особено навечер), а зимите благи и не многу сурови. Додека во жешките летни денови температурите во градовите се искачуваат и над 40°, во Лазарополе ретко ќе се печете на над 30 степени. Дури и кога е така, овој регион е познат по најголемото количество на врнежи во Македонија (над 1200 мм), а тоа значи изобилство од (недопрени) шуми и сенка. Како резултат, воздухот е кристално чист, свеж, а веруваат – и лековит. Всушност, Лазарополе е познато како место со најчист воздух на Балканот, а во Македонија е единственото место со мерна станица каде резултатите покажуваат чист воздух преку целата година.


Лазарополе, North Macedonia

Сите тагови