Бања Банско | Каде за Викенд

Бања Банско

Бањи

Бања Банско се наоѓа во близина на Струмица, во село Банско. Богатите и разновидни шуми, извонредно чистиот воздух се основни услови за лекување.

Струмичка бања или уште позната под името Бања Банско се наоѓа 12,5 километри југоисточно од Струмица, на источниот крај од селото Банско. Термоминералните извори се во самото подножје на планината Беласица, помеѓу реката Дерман од запад, планинската коса Манастир од исток и рамното Струмичко Поле – месноста Кокошинка од север. Бањските објекти се изградени на речната тераса создадена од Дерманска Река, на надморска височина од 270 m. Од овде се протега прекрасна глетка кон поголемиот дел на Струмичка Котлина од една страна и спрема стрмната, со густа шума покриена Беласица од друга страна.
Термоминералните извори во Банско се наоѓат на терен составен од шкрилест старопалеозојски гранит покриен со пролувијални наслаги. Хипертермалната појава се јавува на релативно мал простор во вид на термални извори.

Бања Банско, Strumica, North Macedonia

076 225 045

Сите тагови