Катлановска бања се наоѓа во должината на реката Пчиња на само 25 км од Скопје и 25 км од Велес
Се наоѓа во должината на реката Пчиња на само 25 км од Скопје и 25 км од Велес, 2,5 км оддалеченост од автопатот Белград-Скопје и 4 км оддалеченост од Аеродромот Скопје. Опкружена е со прекрасна природа која допринесува за целосна релаксација и регенерација на телото. Катлановска Бања претставува центар за спроведување на специјализирана физикална медицина и рехабилитација.
Медицинскиот тим е составен од четири лекарски тимови составени од доктори, специјалисти по физикална медицина и рехабилитација и високо обучен професионален тим на физиотерапевти и медицински сестри.
о склоп на Бањата се наоѓа модерен и современ Спа центар кој располага со голем базен со термоминерална вода, приватен базен со термоминерална вода, индивидуални кади со термоминерална вода, финска сауна, кислородна спа капсула.