Калин хотел е неверојатна дестинација за љубителите на чиста природа, прошетки, планинарење, планински велосипедизам и други спортки активности
Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар. Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра.
По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отвара голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини.
Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува Калин Хотел во Лазарополе.
Калин Хотел за своите гости, по желба организира излети до соседните прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки како и посета на манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски.
За авантуристите Калин Хотел претставува почетна позиција за планинарење, планински велосипедизам, јавање на коњи и трчање со ски во текот на зимскиот период.