Акватика Јахтинг - Охрид | Каде за Викенд

Акватика Јахтинг – Охрид

Природа

Здружението за спортско едрење "Акватика Јахтинг" Охрид е формирано во 2015 година, од страна на долгогодишни вљубеници во овој спорт.

Визија
Да бидеме клуб кој што ќе биде предводник на развојот на едриличарскиот спорт во Република Македонија, ќе привлекува и вклучува членови кои го сакаат овој спорт, со цел еден ден да станеме дел од светската едриличарска елита и под знамето на нашата држава да се претставиме на Олимписки игри.
Мисија:
– Да се промовира Едрењето , правејќи го достапно за целокупната општествена заедница;
– Да обезбедиме работна средина во која младите ќе развијат љубов и страст према едрењето;
– Да го подигнеме имиџот на Едрењето на едно повисоко ниво, преку организирање на силни национални и интернационални натпреварувања;
– Да бидеме активни членови во општествените случувања, остварувајќи соработка како со јавниот, така и со приватниот сектор;
– Да го направиме нашиот развој одржлив;
Цели:
– Да имаме тренинг-центар кој ќе ги задоволува потребите на членовите на клубот и школата за обука и кој ќе овозможи непречено одвивање на тековни те активности и иден раст;
– Да создадеме услови со кои ќе поттикнеме зголемување на членството;
– Да бидеме најдобар клуб во Р.Македонија преку обезбедување соодветни тренинг-програми за најдобрите членови;
– Да обезбедиме и одржиме конкурентност на нашите натпреварувачи на меѓународно ниво;

Види помалку.

AKVATEK Diving Center, Car Samoil, Ohrid, North Macedonia

078 472 482

Сите тагови