Бигорски манастир | Каде за Викенд

Бигорски манастир

Манастири

Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин

Како во секој манастир, изграден по подобие на градот Божји – Небесниот Ерусалим, така и овде, во Бигорскиот, средишното место го зазема соборниот храм, т.н. католикон. Тој бил изграден кон крајот на XVIII век, во еден посебен, автохтон архитектонски стил, што се среќава само во мијачката архитектура во време на Преродбата и кој бил условен од строгите ограничувањата што ги пропишувал тогашниот османлиски шеријатски закон. Иако според надворешната архитектура Бигорскиот католикон е  скромна еднокуполна градба, сепак е еден од првите поголеми храмови во периодот после освојувањето на Турците-Османлии. Грандиозноста на храмот се должи на фактот, дека неговата изградба е одобрена со посебен ферман – дозвола од султанот. Дело е на мајстори-градители, копаничари и зографи од дебарскиот крај.

Византискиот стил на архитектурата на Бигорскиот храм побудува смирение, како однадвор, така и внатре. На влезот од храмот се наоѓа нартексот, украсен со мермерна преграда – трифора, која го затвора пристапот кон централниот дел на храмот и го исполнува просторот со необична тишина и полумрак. Затоа тука, во пригушената светлина на внатрешниот нартекс, луѓето ги обзема чувство како да се оддалечуваат од светот и световните грижи.


Бигорски Манастир, Rostusha, North Macedonia

+389 (0) 42 333 399

Сите тагови