За оваа заспана убавица ретко кој има слушнато. До пред само една година и се восхитуваат само упорните планинари, а денес со изградбата на браната Злетовица и модерен асфалтен пат, е отворена за сите добронамерни посетители.
Кнежево е распослано на пазувите на Осоговските планини во Злетовско-Кратовскиот регион. До браната Злетовица се стигнува со автомобил по модерно асфалтиран пат. Се поминува низ селото Злетово каде ќе бидете импресионирани од стара македонска архитектура, занаетчиски работилници во кои времето застанало.
Задолжително останете до заоѓањето на сонцето за да видите една прекрасна глетка – планините со прекрасна црвена боја која пред вашите очи се движи и со последниот зрак исчезнува. На враќање посетете го рибникот пред селото Злетово во етно архитектура и секогаш свежа риба подготвена на традиционален начин.
Ќе си заминете од ова место со многу впечатоци кои ќе останат уште долго во вашите сеќавања!
Public Enterprise Hydrosystem "Zletovica", Probishtip, North Macedonia
032 481 520