Под падините на Шара, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден
Под падините на Шара, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден. На само 20 минути возење од Скопје Ве очекува тим на професионални готвачи кои посветено и со голем ентузијазам создаваат нови вкусови кој ќе ви ги разбуди сетилата. Со својот идиличен рустичен амбиент во прекрасна градина на повеќе од 10.000 м2, Електра Гарден претставува место за опуштање и уживање за целото семејство. Со посебен акцент на најмалите, просторот е адаптиран со игралиште, декоративно езеро со фонтани како и пространи тревници каде можат дечињата безгрижно да си играат.
Во најжешките летни денови, свежиот воздух кој патува од падините на Шара дополнително го зголемува ефектот на максимално уживање. Место далеку од градскиот метеж и бучава, направено за Ваше задоволство.