Етно ресторан Ранч | Каде за Викенд

Етно ресторан Ранч

Кафани

Место во кое можете да уживате во чист воздух, пријатен амбиент и вкусни специјалитети

Место во кое можете да уживате во чист воздух, пријатен амбиент и вкусни специјалитети.
Етно ресторанот Ранч се наоѓа во општината Ранковце на патот што води кон Крива Паланка. Ресторанот е одалечен 40 км од Куманово, а 70 км од Скопје. При влегување во општината Ранковце се свртува лево по патот за селото Герман, од тука ресторанот е одалечен 4км.
Самиот ресторан се простира на површина од 7 хектари доволно простор за прошетка, рекреација и одмор.Освен ресторанот на оваа површина се простираат и соби за одмор, езеро, мини зоо и секако голем број стази за прошетка низ прекрасната недопрена природа.За да вашиот престој во ресторанот биде попријатен за најмалите има подготвено посебно катче во кое може да се играат и уживаат дружејќи се заедно.
Ресторанот Ранч може да го задоволи вкусот на секој гост, почнувајќи од љубителите на специјалитети од месо до оние кои уживаат во свежо подготвената риба.

Етно ресторан Ранч, Kriva Palanka, North Macedonia

+389 70 338 118

Сите тагови