Езерани се наоѓа на североисточното крајбрежје на Преспанското езеро, оддалечено 7км од Ресен, наречено парк на природата. Претставува значајно подрачје за развој на птици и ретки видови пеперутки
На северниот дел на Преспанското Езеро на површина од 1917 хектари се протега паркот на природата „Езерани“. Подрачјето е дел од листата сначајни орнитолошки локалитети, растителни подрачја и е на Рамзарската листа на најзначајни водни живеалишта во светот. За строг природен резерват е прогласен во 1996 година од страна на Собранието на Република Македонија со Законот за заштита на локалитетот Езетани. Со Законот за прогласување на локалитетот „Езерани“ на Преспанското Езеро за Парк на природата, повторно е прогласен на 17 февруари 2012 година.
Езерани, North Macedonia