Гостилница Извор - Манастирец | Каде за Викенд

Гостилница Извор – Манастирец

Кафани

Гостилница и ноќевалиште Извор, с.Долни Манастирец, Македонски Брод

Од пепелта на старата руинирана воденица е никнат ресторанот Извор кај селото Манастирец на петнаесетина километри од Македонски Брод. Стерната камен ладна вода од утробата на планината некогаш ги вртела воденичките камења и пченицата ја мелела во брашно. А денес просторот е облагороден и е прераснат во модерен угостителски објект низ кој течат изворите во прегратките на столетните дрвја на брегот на Треска. И зимата е мека, така што посетителите не се ретки во снежниот амбиент. Со многу гурмански специјалитети на семејството Цветаноски од селото Манастирец веќе десет години го надградува семејниот бизнис, во кој се вклучени сопругите на браќата Владо и Јане. Природата и трудољубивоста  се рецептот за постепениот растеж.


Dolni Manastirec, Makedonski Brod Municipality, North Macedonia

045 279 200; 077 636 500; 078 281 261

Сите тагови