Ресторанот Јавор–Џоко се наоѓа во населеното место Мрзенци, на само неколку километри од Гевгелија. Има капацитет од 80 седишта во ресторанот и 40 седишта во летната тераса. Ресторанот има реноме, кое се протега на територија на целиот Балкански полуостров, а особено е познат по приготвувањето на повеќе видови специјалитети од јагнешко месо, како што се јагнешко печење, јагнешки котлети на скара. Ресторанот е често посетуван од домашни и странски туристи, но и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Ресторанот нуди прекрасна услуга и внимание за секој гостин и претставува идеално место за гурмани. Овде може да пробате и јадења, како на пример: македонска салата, шопска салата, пинџур, црн патлиџан, таратор, похувани тиквици, телешки мускул-печен, јагнешки џигер, бубрег момици.
Mrzenci, North Macedonia
034 216 920