Колешински водопади | Каде за Викенд

Колешински водопади

Природа

Сместен на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.

Колешински Водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.

Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот Водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.


Колешински Водопад, North Macedonia

034 351 796

Сите тагови