Крушево Етно Град | Каде за Викенд

Крушево Етно Град

Знаменитости

Крушево Етно Град-проект во кој луѓето ќе бидат облечени во Турци, комити и во староградски носии, ќе се организираат симулирани борби, целиот амбиент ќе биде како пред 100 години.

Проектот „Крушево етно-град“ претставува историски времеплов за Крушево. Градот ќе се врати 106 години назад во историјата за време на Крушевската Република. По улиците на Крушево ќе се шета локалното население облечено во униформа на комити-востаници и турски војници.

Од денеска градот – музеј Крушево е театарска сцена под отворено небо,  ќе се живее во амбиентот на 1903-та година при што дуќаните, кафеаните и чаршијата ќе живеат во духот на минатото.  Целта на проектот, кој го поддржа Министерството за култура, е да го поттикне населението на Крушево да ги анимира потенцијалните туристи да претстојуваат во „Крушево етно-град“ со тенденција, преку културниот туризам, дел од младите кои не се вработени да го најдат својот иден ангажман.


Крушево, North Macedonia

Сите тагови