Лесновски манастир | Каде за Викенд

Лесновски манастир

Манастири

Во селото Лесново се наоѓа манастирот "Свети Архангел Михаил и пустиножителот Гаврил Лесновски", меѓу народот повеќе познат како Лесновски манастир.

На југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од околу 870 метри, во селото Лесново се наоѓа манастирот “Свети Архангел Михаил и пустиножителот Гаврил Лесновски”, меѓу народот повеќе познат како Лесновски манастир.

Се смета дека ктиторот на црквата “Свети Архангел Михаил” е деспотот Јован Оливер, кој во 1341 година ја подигнал оваа црква врз темелите на некоја постара базилика, која постоела во времето на анахоретот Гаврил.
Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиножителот Гаврил Лесновски.
Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година е наведено дека за време на неговиот живот манастирот постоел и тој таму се замонашил.
Постои мислење дека манастирот бил изграден кога тој се замонашил или, пак, по неговата смрт, кога се развил култот за подвизнишкиот живот (како што е наведено во неговото кратко житие од 1330 година). Од особено значење во Лесновскиот манастир е иконостасот од 1814 година, изработен во релативно покрупна резба од мајсторското длето на познатата мијачка копаничарска школа предводена од Петре Филиповски-Гарката.Сегашниот иконостас е поставен на местото на некој постар, кој е отстранет од црквата.


267H+78V Lesnovo, North Macedonia

032 800 138

Сите тагови