Осоговски Конак | Каде за Викенд

Осоговски Конак

Природа

Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” е сместен во реновирана стара воена зграда, која е соодветно адаптирана за престој со сите потребни подробности.

На надморска височина од 1.650 метри, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини, сместен во предел со густа букова шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот центар Пониква.

Во самиот центар на туристичкиот центар ќе го пронајдете Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” кој е сместен во реновирана стара воена зграда, која е соодветно адаптирана за престој со сите потребни подробности. Амбиентот во ресторанот е автентичен за Осоговијата и благодарение на прекрасниот македонски мелос и вкусните македонски јадења, богати со дивеч и разновидни специјалитети типични за овој предел,  Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч и разновидни специјалитети од Осоговското поднежје.

Поволната клима, чистиот воздух и природните убавини се одлична можност за одмор на телото и умот. Прошетките и моментите кои ќе ги имате тука ќе бидат незаборавни.


Осоговски Конак, R1309, North Macedonia

078 400 577

Сите тагови