Ранчо и Ванчо на Ката - Реставрирана куќа која е наменета за селски туризам, со можност за подготвување на храна и организирање на други активности, според желбите на гостите.
Реставрираната куќа е наменета за селски туризам, со можност за подготвување на храна и организирање на други активности, според желбите на гостите.
Располага со 3 соби на горниот спрат и 3 купатила, со можност за ноќевање за 8 гости. На долниот спрат се наоѓа комплетно опремена кујна, трпезарија и простор за дневен престој. Во дворот се наоѓа летна кујна, натстрешница од дрвени греди и базен, а за вистинско уживање во стилот на 19-от век, осмислен е и дел за „турско седење“.
Така, на еден простор гостите можат автентично да го доловат животот во селски амбиент и истовремено да уживаат во удобноста на објектот.