Село Брајчино, Љубојно | Каде за Викенд

Село Брајчино, Љубојно

Природа

Селото Брајчино, Љубојно во близина на Преспанското езеро, привлекува со својата природна убавина, чистиот воздух и археолошките локалитети.

Две преспански села, на кои нема да останете рамнодушни. Уште од првото стапнување ќе се воодушевите на куќите изградени од камен. Убави на лик, а уште повеќе разубавени со различни цвеќиња на речиси секоја куќа, за момент ќе помислите дека сте некаде во странство.

Љубојно се наоѓа на надморска височина од околу 920 метри и зафаќа простор од околу 13 километри квадратни. Љубојно е оддалечено околу 28 километри од општинскиот центар Ресен, а шеесетина километри од Битола и од Охрид. Според народните преданија, Љубојно своето име го добило од зборот „љубов“.

Малку погоре, на надморска височина од 1000 метри е сместено Брајчино.  Благодарение на Брајчинска река и фантастичната шума, ќе се потсетите што значи да се дише чист и свеж воздух. И она што сте го доживеале во Љубојно, добива свое продолжение тука.


Брајчино, Љубојно, North Macedonia

Сите тагови