Село Клисура | Каде за Викенд

Село Клисура

Природа

Селото Клисура кое се наоѓа на околу 5 км јужно од Демир Капија е познато по несекојдневна појава, место преплавено со кактуси кое уште се нарекува и Долината на кактусите

Селото Клисура се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија на околу 5 км јужно од Демир Капија. До селото се доаѓа преку стариот макадамски пат за Гевгелија кој минува кај железничката станица Клисура. Овде всушност била правата локација на селото кое поради изградбата на пругата било преселено кон запад.

Денес во селото Клисура живеат само две домаќинства од кои пак ќе бидете љубезно пречекани, угостени и запознаени со убавините на оваа недопрена природа, со месноста Краставец, преубавиот манастир Св. Никола како и со природниот феномен кој е необичен за овие простори и кој несомнемо треба да се види и доживее – долината на кактусите.

Долина на кактусите го нарекуваат местото што се наоѓа веднаш над селото кое како да е послано со тепих од кактуси и со својата убавина ве остава без зборови.


Клисура, North Macedonia

Сите тагови