Село Велестово, сместено на планината Галичица, со прекрасен поглед на езерото и градот Охрид
Селoто Велестово лежи на планината Галичица (Петрино), на надморска височина од 1250 m. Оваа преубава планинска населба има изразито добра микро-клима, а надополнета со амбиенталната совршеност, претставува вистински практичен викенд избор за бегство од современиот урбан живот. Токму пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село. Погледот на Охридското Езеро и градот Охрид, буди чувство на беспрекорност и неповторливост.
Велестово, North Macedonia