Станечки водопади | Каде за Викенд

Станечки водопади

Природа

Станечки водопади на Козја Река, во близина на градот Крива Паланка

Станечки водопад или Станечки водопади на Козја Река (десна притока на Дурачка Река, која во градот Крива Паланка се влева во Крива Река), се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, 8 км јужно од Крива Паланка. До самото село Станци во долината на Дурачка Река, води асфалтен пат долг 5 км. Потоа се тргнува по патека која води покрај Козја Река и по околу 3 км или 30-тина минути пешачење се доаѓа до големиот Станечки водопад. Водопадот е на  надморска височина од 1160 м и функционира во текот на целата година. Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини. Во подножјето на овој ерозивен водопад, со вртложното движење на водата е создаден голем природен базен што ја прави посетата на овој простор да биде извонредно доживување.


Stanecki Vodopadi, Stanci, North Macedonia

Сите тагови