Вила Осоговска Куќа | Каде за Викенд

Вила Осоговска Куќа

Ресторани

Вилата Осоговска Куќа е сместена на 6 километри од туристичкиот центар Пониква, во густа букова и аришова шума изолирана од градската бука.

Вилата Осоговска Куќа се наоѓа 1250 метри надморска височина, 12 км одалечена од Кочани и 6 километри од туристичкиот центар Пониква, на само 120 метри од главниот пат кој води кон Пониква и е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската бука.

Вилата Осоговска Куќа има капацитет да прими 18 особи и располага со 8 спални, опремени со ТВ и централно греење, тоалети/ купатила.
Ресторантскиот дел е на неколку метри од вилата , со камин , опремен со фурна, скара, вршник и комплетна кујна, со капацитет за 40 особи.
Дворното место од 2000 метри квадратни е украсено со неколку летниковци , детски лулашки , фонтана и огниште.

Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини.

Храната во Вилата Осоговска Куќа можете сами да ја подготвите или по ваша желба да биде припремена од наша страна.


Dervish Cara 4, Tetovo 1220, North Macedonia

072 315 535

Сите тагови