На само 17км од центарот на Скопје, имате можност градската врева да ја замените со незаборавни моменти, крај топлото огниште на гостилницата Етно Вила Весница
20 годишната традиција на „Mecho’s pizza&restaurant“ продолжува во досега невиден топол, рурален и рустичен амбиент на Етно Гостилница „Вила Весница“ на Чардак, во атарот на општината Чучер-Сандево. На само 15км од центарот на Скопје, на површина од 3000м2 и 50 столчиња за сместување во зимскиот период и над 200 сместувачки столчиња во градината, секој ден освен понеделник. имате единствена можност градската врева и смог да ги замените со незаборавни моменти крај топлото огниште на гостилницата, притоа уживајќи во глетката на недопрената природа крај речното корито кое не опкружува и домашните специјалитети од раката на угостителскиот доајен Мечо. На надморска височина од 475 метри, со ниту еден индустриски објект во близината, почестете ги Вашите бели дробови со пријатна оддишка, а гурманските приказни нека донесат благодет на Вашиот абдомен.
Напоменуваме-сите производи со кои може да Ве послужиме се од домашно, сопствено производство.
Но, велат, една слика менува илјада зборови.
Ние велиме-една посета менува илјада слики.