Ресторани Archives | Page 2 of 4 | Каде за Викенд

Леонов Двор

Куратица се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместе-но е во пазувите на планинскиот масив Мазатар. Леонов Двор се наоѓа во срцето на село Куратица , во самиот центар , на спроти селското училиште.

Во склоп на фирмата КРСТЕЦ КОМЕРЦ , работи ЛЕОНОВ ДВОР којви нуди одлична можност да избегате од градскиот метеж и сами или во групи , со претходна најава за организација да бидете во спој со недопрената природа и изворната традиција.

Јавор Агапи

Ресторанот постои уште од 1984год. под името “Јавор Перо”, а во 2004год. е ребрендиран во Јавор Агапи. Лоциран е на влезот од село Мрзенци, на 3км од грчката граница. Ресторанот нуди инзвонредна услуга и квалитетна храна.

Специјалитети на куќата се јагнешко печеније, јагнешки котлети на жар и телешки мускул.

Од 2004год. во Скопје е отворен уште еден ресторант Јавор Мрзенци- меана B.

Електра Гарден

Под падините на Шара, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден. На само 20 минути возење од Скопје Ве очекува тим на професионални готвачи кои посветено и со голем ентузијазам создаваат нови вкусови кој ќе ви ги разбуди сетилата. Со својот идиличен рустичен амбиент во прекрасна градина на повеќе од 10.000 м2, Електра Гарден претставува место за опуштање и уживање за целото семејство. Со посебен акцент на најмалите, просторот е адаптиран со игралиште, декоративно езеро со фонтани како и пространи тревници каде можат дечињата безгрижно да си играат.

Во најжешките летни денови, свежиот воздух кој патува од падините на Шара дополнително го зголемува ефектот на максимално уживање. Место далеку од градскиот метеж и бучава, направено за Ваше задоволство.

Ресторан Бабино

Етно ресторан Бабино е вгнезден во недогледна шума во атарот на селото Бабино, Демир Хисар. Комплексот опфаќа површина од 15 000 квадратни метри од кои 2500 метри квадратни се водена површина, опколена со мала зоолошка градина, езерца за одгледување речна пастрмка и тревник. Водата во изворот Бабинска Река што ја користи и рибникот е со константна температура од 12 степени целзиусови во текот на целата година (лето и зима), што е идеално за одгледување на калифорниска пастрмка.
Ова место во една од најчистите еколошки територии во нашата земја, исполнето со зеленило на недопрена природа,извори на пивка вода, чист воздук, инспиративен мир Ви нуди прекрасни специјалитети од скара и риба надополнети со прекрасна природа и амбиент.

Aroma-S Petacko Vodice

Ако сакате да си поминете убаво за викенд или на годишен одмор, Беловиште ве очекува! Има што да се види. Вистински рај и за љубители на планинскиот туризам и за оние кои преферираат песочни плажи.

Убаво изработениот пат ве носи до првата туристичка локација во селото, Црквата св. Петка. Тука се наоѓа извор на вода кој е прогласен за најчистиот извор во Р. Македонија. За водата од овој извор е познато дека е лековита за очи и луѓето уште од дамнешни времиња го посетувале.
Првиот објект (малата црква) е изграден 1997 година, а подоцна е изграден и базенот и поголемата црква. во близина се наоѓаат и четири угостителски објекта. Во состав на едниот работи и базен. Ако продолжите по патеката неизбежно е да го забележите првиот (и најмал) водопад Вражји Вир кој е најпосетен поради близината до селото, а ако најмите водич, тој ќе ве однесе до трите поголеми водопади кои се најголеми водопади на Балканот по висината на падот.
Затоа ве покануваме да дојдете. Беловиште ве очекува!

Бакал

На 5 км од Тетово, или за само 15-тина минути од Скопје во тетовското с. Брвеница се наоѓа уникатниот и автентичен ресторански комплекс  Бакал, место кое со својот уникатен амбиент, содржина, преубава природа и уникатни специјалитети веднаш ќе ве освои, место каде секогаш ќе сакате да се вратите.

Ресторанот Бакал нуди топла семејна атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој љубовен состанок се претвора во бескрајно задоволство, а секој деловен ручек има позитивна и конструктивна атмосфера зачинета од амбиентот. Жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран во ресторанот со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов никого не остава рамнодушен.

Етно ресторан Куќа на Мијаците

Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ се наоѓа во историски најзначајниот крај на Р. Македонија, во славната Мијачија, која ги дала најзначајните македонски народни будители, општествени дејци, духовници, писатели, градители, уметници…

Напојувано од бистрите води на православната христијанска вера, славјано-македонското племе Мијаци оставило голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Токму затоа, „Куќата на Мијаците“ изградена целосно во духот на традиционалната мијачка архитектура. Всушност, направен е еклектизам од разновидните мијачки стилови на градска и селска архитектура од сите места каде што се распространиле Мијаците, при што од сите тие стилови се избрани најпрефинетите елементи.

„Куќата на Мијаците“ е еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна.

Кораб Трница

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година. Од почетокот на своето постоење, главната дејност била одгледувањето овци, а со тоа и производство и самостојна продажба преку сопствени продавници  на млечни производи и на месо. „Кораб Трница“ како бренд станува познат по надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“. Со текот на годините претпријатието бележи континуиран раст и проширување на своите дејности. Оттаму, во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“, а потоа е дополнет и со сместувачки комплекс. Како посебно обележје на ресторанот станува качамакот, кој се служи со кисело млеко, со „кораб кашкавал“ или со „трничко сирење“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб.

Комплексот овозможува разни активности како што се: лов и риболов, рафтинг, планинарење, кампување,  велосипедизам и, на што сме посебно горди, овозможуваме тура јавање на коњи, која вклучува јавање до Галичник или до бачилата на Кораб, пикник со ланч-пакет и враќање на почетното место.