Во непосредна близина на Крива Паланка се наоѓа големото македонско духовно светилиште, манастирот Свети Јоаким Осоговски. Во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век се подвизувал преподобниот отец наш Јоаким Осоговски Чудотворец.
Tip na mesto: Природа
Смоларски водопади
Смоларски водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Водопадот е оддалечен 28 километри од градот Струмица.
Колешински водопади
Колешински Водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.
Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот Водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.
Вевчани
Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. На патот кон Струга после селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Доколку патувате од Охрид, оддалечено е 30km. Тимот на CRNOBELO.com реши да ја посети „државата Вевчани“.
На сред село не пречекаа љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.
Брана Злетовица
За оваа заспана убавица ретко кој има слушнато. До пред само една година и се восхитуваат само упорните планинари, а денес со изградбата на браната Злетовица и модерен асфалтен пат, е отворена за сите добронамерни посетители.
Кнежево е распослано на пазувите на Осоговските планини во Злетовско-Кратовскиот регион. До браната Злетовица се стигнува со автомобил по модерно асфалтиран пат. Се поминува низ селото Злетово каде ќе бидете импресионирани од стара македонска архитектура, занаетчиски работилници во кои времето застанало.
Задолжително останете до заоѓањето на сонцето за да видите една прекрасна глетка – планините со прекрасна црвена боја која пред вашите очи се движи и со последниот зрак исчезнува. На враќање посетете го рибникот пред селото Злетово во етно архитектура и секогаш свежа риба подготвена на традиционален начин.
Ќе си заминете од ова место со многу впечатоци кои ќе останат уште долго во вашите сеќавања!
Скребатно
Кањон Матка
Матка- клисура со богат комплекс од средновековни градби, вклучувајќи цркви, манастири и остатоци од тврдината ( на средновековниот град на Матка ). Постојат десетици пештери и голем број на ендемични растенија и животни. Кањонот зафаќа површина од околу 5000 ha, и се наоѓа на 15 километри југозападно од Скопје. Матка е еден од најголемите центри за бегалци за време на глацијалниот период, а тоа резултира со присутност на голем број на реликтни и ендемични растенија, 20% се реликтни или ендемични зачини.
Исто така важно е да се напомене дека постојат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки во областа на кањонот Матка, а 18 други видови се нови и непознати на науката. Кањонот на Треска вертикално ја сече масивната Сува Гора. Клисурата има долини, пукнатини, пештери формирани од долгорочното влијание на планинските реки и големите температурни осцилации. Во околината на реката Треска можете да најдете голем број на пештери меѓу кои најубави се Врело, Крштална и Убава.