Бањи Archives | Каде за Викенд

Кочанска бања

Кочанска Бања се наоѓа на 7 км од Кочани од десната страна на магистралниот пат Кочани – Штип. Сместено е во подножјето на Осоговските Планини и лежи на последните ограноци од ридиштата на овие планини, кои благо се спуштаат кон котлината на надморската висина од 340 км. Од источната страна се наоѓа село Тркање, а од западната село Спанчево, кон југ селото се граничи со плодните оризови полиња. Народната традиција зборува дека Бање името го добило по бањата и изворите на топла вода во селото.

Изворите во Бања се карактеризираат со специфични хидролошки, односно хемиски-минеролошки и термички својство, како и со количеството на водата која извира на овој простор. Количеството на вода во бањата во подолг период била назадоволителна. Со извршените дупчења количеството на термоминерална вода изнесува над 65 литри во секунда. Температурата на водата е 64 степени, што значи дека станува збор за мошне погодна вредност. Тоа овозможува користење во бањската намена, бидејќи се работи за хипертермална вода.

По хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерализирани термички води. Во неа преовладуваат хидрокарбонатите, слабо е алкална и со низок степен на радиоактивност. Од катјоните најмногу содржини натриум, калиум, калциум и магнезиум, а од анјоните хлор, сулфати, хидрокарбонати, силициумоксид, алуминиумоксид, железооксид и други. Поседува и ретки минерали, како што литумот, цезимуот, рубидиумот и слично.

Ваквите физичко-хемиски својства на вдата во Кочанската бања претставуваат основа врз која се заснова нејзиното користење за лечење на бројни болести. Главно се користи при лечењето на следните болести:

  • Сите видови на рематични заболувања
  • Заболувањата на жолчните патипта и жолчната кесичка
  • Заболувањата на мочните канали
  • Гинеколошки заболувања
  • Воспалувања на нервите
  • Болести на желудниот и дванаесетпалачно црево
  • Состојби по повреди на коскениот систем и други заболувања

Бања Кежовица

Кежовица или Штипска Бања — бањски центар кој се наоѓа на десниот брег на реката Брегалница, на околу 2км југозападно од центарот на Штип, на излезот од Ново Село, кое е споено со овој град, на меѓусебна оддалеченост од околу 300 м се наоѓаат појавите на термоминералните води Кежовица и Л’џи, кои лежат на ист расед. Наоѓалиштето на овие термоминерални појави, е расположено помеѓу ридовите „Исарот“ и „Кумлако“ од левата, и „Мерите“ од десната страна на р. Брегалница. Пред 25 години, на Кежовица постоела стара каптажа, чија термоминерална вода се користела исклучиво за лековити цели. Денес на ова место постои нова бања, со уредени санитарни бањи и базени, како и центар за рехабилитација. Инаку, Кежовица како бања е позната уште од турско време, кога таа се користела за здравствени цели.

Катлановска Бања

Се наоѓа во должината на реката Пчиња на само 25 км од Скопје и 25 км од Велес, 2,5 км оддалеченост од автопатот Белград-Скопје и 4 км оддалеченост од Аеродромот Скопје. Опкружена е со прекрасна природа која допринесува за целосна релаксација и регенерација на телото. Катлановска Бања претставува центар за спроведување на специјализирана физикална медицина и рехабилитација.

Медицинскиот тим е составен од четири лекарски тимови составени од доктори, специјалисти по физикална медицина и рехабилитација и високо обучен професионален тим на физиотерапевти и медицински сестри.

о склоп на Бањата се наоѓа модерен и современ Спа центар кој располага со голем базен со термоминерална вода, приватен базен со термоминерална вода, индивидуални кади со термоминерална вода, финска сауна, кислородна спа капсула.

Бања БАЊИШТЕ

Сместен на надморска висина од 880 метри, Бањиште е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело и прекрасната храна. со вкупeн капацитет од 126 соби, овој ресорт е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и дел од медицинските простории (Април 2012).

Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, ресортот Бањиште однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости.

Дебарски Бањи

Дебрски Бањи Цапа — познат центар за рехабилитација, рекреација и релаксација, кој се наоѓа во Дебар, во западниот дел на Македонија. Водата во овој бањски центар е термоминерална, со оптимална температура за телото на човекот од 38 целзиусови степени. Според истражувањата направени во 70 години на минатиот век, водата која изрева во близина на Дебарските Бањи Цапа, според лековитоста и минералната содржина е пласирана на прво место во Европа и трето место во светот.

Бања Банско

Струмичка бања или уште позната под името Бања Банско се наоѓа 12,5 километри југоисточно од Струмица, на источниот крај од селото Банско. Термоминералните извори се во самото подножје на планината Беласица, помеѓу реката Дерман од запад, планинската коса Манастир од исток и рамното Струмичко Поле – месноста Кокошинка од север. Бањските објекти се изградени на речната тераса создадена од Дерманска Река, на надморска височина од 270 m. Од овде се протега прекрасна глетка кон поголемиот дел на Струмичка Котлина од една страна и спрема стрмната, со густа шума покриена Беласица од друга страна.
Термоминералните извори во Банско се наоѓат на терен составен од шкрилест старопалеозојски гранит покриен со пролувијални наслаги. Хипертермалната појава се јавува на релативно мал простор во вид на термални извори.