Винаријата Чифлик е семејна винарија лоцирана западно од градот Битола, во пазувите на планината Баба на живописно подрачје под селото Брусник. Ние сме специјализирани во современото производство на вино, со мешање на традиционалните рецепти кои се чуваат и негуваат во семејството повеќе од 100 години со нови најсовремени пристапи, со цел да ги добиете највкусните вкусови на виното. Почувствуајте ја убавата атмосфера на винскиот ресторан со прекрасни тераси и градини, каде што нашите гости можат да уживаат во извонредни кулинарски рецепти во комбинација со нашите вина.Ова е дополнето со винска подрум и производствен објект, заедно со просторијата за дегустација за приватно и интимно уживање. Конечно, резортот располага со 12 современи опремени соби за целосно и незаборавно искуство за нашите гости.
Tip na mesto: Винарии
Винарија Шато Сопот
Винарија Шато Сопот Доо е една од нај живописните винарии во Македонија, лоцирана во срцето на Велешкиот вински регион, во близина на самиот автопат кој ги спојува Скопје и Велес. Се работи за релативно нова винарија, основана во 2006 година, со добиена концесија на 30 години врз 100 хектари лозје, со четири видови на грозје (Шардоне, Ризлинг, Темјаника, Каберне Совињон).
Во склоп на винаријата е отворена продавница, која нуди можност нивните вина со врвен квалитет да можете да ги купите со секоја посета на винаријата со промотивни цени. Дополнителна удобност нуди и самиот ресторан, создаден во посебен и уникатен стил, со капацитет од 400 гости, во кој можете покрај вкусот на врвните вина да уживате и во мирисот и вкусот на беспрекорните кулинарски деликатеси.
Камник
Сé започнува со сосема личната фасцинација од уметноста на правење вино
која отсекогаш ја имал еден вински ентузијаст од Скопје, основачот на винаријата.
Нештата понатамy се одвиваат природно, како модерна експресија на автентичната
македонска традиција на правење вино. Од колекционирање вина од разни вински региони во светот,
преку првите насадени лози и нивната трансформација во современо лозје, преку поставувањето на темелите
на она што ќе биде бутик-винарија во вид на замок, првите барик буриња во неа, до првите полнења,
а потоа многубројни шишиња вино насекаде низ светот, некои од нив стануваат добитници на
престижни светски признанија; за тимот од посветени професионалци, мисијата продолжува.
Картал Винарија
Винарската визба КАРТАЛ е основана како резултат на фамилијарна традиција, почит кон виното и виновата лоза.
Лоцирана во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 100.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, Картал винарската визба Ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино. Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која енолозите ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните карактеристики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание.
Royal Winery Queen Maria
Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”, ресторанот ужива идилични окруженија. Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали.
Виното е срцето и душата на ова место, јасно изразена страст, а винскиот бар е местото каде што таа страст се споделува со остатокот од светот. Дрвениот ентериер, испегланите покривки, совршената топла светлина, музиката која што им дава смисла, претставуваат ансамбл на гестови кои дефинираат еден начин на живот.
Винарија Попова Кула
Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија во близина на автопатот Е-75.
Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.
Винарска Визба Попова Кула е “greenfield” инвестиција. Изградбата на винарската визба започнала на 08 Октомври 2004 и до празникот Богородица, 28 Август 2005 била подготвена за првата берба и обработка на првото грозје.
По завршувањето на првата фаза и целосниот производствен капаcитет, се чекало уште две години пред да отпочне со работа со вински туризам.
Во винската индустрија се истакнауваат некои сорти на грозје, како што се Шардоне и Кабернет Совињон, или Мерлот и Совињон Бланк, како резултат на нивните извонредни каректеристики.