Хотелот Шатор се наоѓа во југозападниот дел од Р.Македонија, лоциран во просторот помеѓу градот Битола и Националниот Парк Пелистер на самиот почеток подпелистерското село Трново, на надморска височина од 850 метри, сместен во сопствена раскошна зелена градина од брези и елови дрва.
Хотелот е поврзан со сообраќајна врска на патот кој го поврзува градот Битола и Националниот Парк Пелистер на растојание од 6 километри од центарот на градот Битола.
Хотелот во моментот располага со 13 луксузно уредени хотелски соби (двокреветни соби со помошни хотелски кревети и супериор соби), складно разместени на првото ниво на хотелот со поглед на градот Битола од источната страна и со поглед на планината Пелистер на југозападната страна каде што во текот на целиот ден комплетниот хотелски капацитет е осветлен со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.
Винаријата Чифлик е семејна винарија лоцирана западно од градот Битола, во пазувите на планината Баба на живописно подрачје под селото Брусник. Ние сме специјализирани во современото производство на вино, со мешање на традиционалните рецепти кои се чуваат и негуваат во семејството повеќе од 100 години со нови најсовремени пристапи, со цел да ги добиете највкусните вкусови на виното. Почувствуајте ја убавата атмосфера на винскиот ресторан со прекрасни тераси и градини, каде што нашите гости можат да уживаат во извонредни кулинарски рецепти во комбинација со нашите вина.Ова е дополнето со винска подрум и производствен објект, заедно со просторијата за дегустација за приватно и интимно уживање. Конечно, резортот располага со 12 современи опремени соби за целосно и незаборавно искуство за нашите гости.
Рибниот ресторан Планинска куќа се наоѓа во село Бистрица, Битола, покрај Бистричка река во една неповтролива природа.
Нудат богата винска карта со секакви сортни вина од различни винарии, убавата риба оди со убаво вино, нели?
Целата оваа прилика се зачинува со прекрасниот поглед од летната тераса или пријатната топла внатрешна атмосфера од ресторантот. За оние кои обожаваат риба, златната пастрмка со црвено месо е вкус кој долго ќе остане во вашите сеќавања, кои ќе сакате да ги поворите.
Изборот на рибата спремна на плотна, пржена или во фолија, нема да ви претставува проблем, зошто кој начин и да оберете ќе биде правиот.
На надморска височина од 1.650 метри, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини, сместен во предел со густа букова шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот центар Пониква.
Во самиот центар на туристичкиот центар ќе го пронајдете Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” кој е сместен во реновирана стара воена зграда, која е соодветно адаптирана за престој со сите потребни подробности. Амбиентот во ресторанот е автентичен за Осоговијата и благодарение на прекрасниот македонски мелос и вкусните македонски јадења, богати со дивеч и разновидни специјалитети типични за овој предел, Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч и разновидни специјалитети од Осоговското поднежје.
Поволната клима, чистиот воздух и природните убавини се одлична можност за одмор на телото и умот. Прошетките и моментите кои ќе ги имате тука ќе бидат незаборавни.
Во близина на Манастирот св.Богородица во населбата Јанковец (Ресен) се наоѓа Ресторанот „Манастир“. Опколен е со неверојатна природна убавина која му овозможува на човекот релаксација и пријатен амбиент. Тој е изграден во 1982г. И од тогаш ги краси овие простории и им овозможува доста среќни и незаборавни моменти. Дизајниран е во склоп на традицијата и модерното време. Тоа што го прави посебен и карактеристичен е фактот дека храната е направена од врвни мајстори и е обезбеден со највисоки светски и европски стандарди. Цените се поволни а самиот квалитет на храната е многу висок.
Кујната располага со разни видови специјалитети од: Скара, Риба и специјалитети од селска храна: