Ако сакате да си поминете убаво за викенд или на годишен одмор, Беловиште ве очекува! Има што да се види. Вистински рај и за љубители на планинскиот туризам и за оние кои преферираат песочни плажи.
Archives: Places
Етно село Долија
Шумски Фенери
Овој мал семеен хотел се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер. Пелистер еден од најстарите паркови на Балканот. Хотелот е на 4 км од градот Битола. Заштитен знак на Пелистер се јасната изворска вода и реки, од каде што може да се види Пелагонија , водопадите и глацијалните планински езера – Големото и Малото, исто така познати како Пелистерски Очи.
Фантастичните планински предели и чистиот воздух од тука обезбедуба живописна позадина за релаксирачки одмор дизајниран специјално за да одговара на вашите потреби.
Бакал
На 5 км од Тетово, или за само 15-тина минути од Скопје во тетовското с. Брвеница се наоѓа уникатниот и автентичен ресторански комплекс Бакал, место кое со својот уникатен амбиент, содржина, преубава природа и уникатни специјалитети веднаш ќе ве освои, место каде секогаш ќе сакате да се вратите.
Ресторанот Бакал нуди топла семејна атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој љубовен состанок се претвора во бескрајно задоволство, а секој деловен ручек има позитивна и конструктивна атмосфера зачинета од амбиентот. Жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран во ресторанот со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов никого не остава рамнодушен.
Рибен Ресторан Визиана
Ресторанот Фрателис Визиана се наоѓа на 20км од Куманово. Сместен во близина на изворот Визиана, во прекрасен амбиент на убавините на природата.
Ресторанот располага со беспрекорна услуга и врвни специјалитети со единствен вкус. Како на рибен ресторан, најпознати се специјалитетот цементиран сом и крап, како и белата пастрмка приготвена на скара.
Етно ресторан Куќа на Мијаците
Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ се наоѓа во историски најзначајниот крај на Р. Македонија, во славната Мијачија, која ги дала најзначајните македонски народни будители, општествени дејци, духовници, писатели, градители, уметници…
Напојувано од бистрите води на православната христијанска вера, славјано-македонското племе Мијаци оставило голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Токму затоа, „Куќата на Мијаците“ изградена целосно во духот на традиционалната мијачка архитектура. Всушност, направен е еклектизам од разновидните мијачки стилови на градска и селска архитектура од сите места каде што се распространиле Мијаците, при што од сите тие стилови се избрани најпрефинетите елементи.
„Куќата на Мијаците“ е еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна.
Кораб Трница
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.
Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година. Од почетокот на своето постоење, главната дејност била одгледувањето овци, а со тоа и производство и самостојна продажба преку сопствени продавници на млечни производи и на месо. „Кораб Трница“ како бренд станува познат по надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“. Со текот на годините претпријатието бележи континуиран раст и проширување на своите дејности. Оттаму, во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“, а потоа е дополнет и со сместувачки комплекс. Како посебно обележје на ресторанот станува качамакот, кој се служи со кисело млеко, со „кораб кашкавал“ или со „трничко сирење“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб.
Комплексот овозможува разни активности како што се: лов и риболов, рафтинг, планинарење, кампување, велосипедизам и, на што сме посебно горди, овозможуваме тура јавање на коњи, која вклучува јавање до Галичник или до бачилата на Кораб, пикник со ланч-пакет и враќање на почетното место.
Етно село Тимчевски
Комплексот Етно Село “Тимчевски“, сместен во природно опкружување на реката Пчиња, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.
Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.
Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.
Етно ресторан Св. Петка
Во уникатен украсен амбиент, со звуците на традиционалната македонска музика, на место каде што нежно се допираат Охридското езеро и чистиот планински воздух, само за вас ја споивме љубовта кон македонската кујна и хедонизмот.
Нашата храна е инспирирана од традицијата, базирана на старите рецепти на нашата баба. Не го забораваме минатото, го оживуваме. Со чаша домашна ракија, ќе го вкусите зеленчукот од нашата градина, леб печен од рацете на вредни домаќини, стари и веќе малку заборавени пити и џомлезе, а потоа да ве изненадиме со вкусни специјалитети од месо варени од нашата тајна и уникатна рецепти.
Ако сакате да вкусите нешто ново и различно, ве чекаме.
Винарија Шато Сопот
Винарија Шато Сопот Доо е една од нај живописните винарии во Македонија, лоцирана во срцето на Велешкиот вински регион, во близина на самиот автопат кој ги спојува Скопје и Велес. Се работи за релативно нова винарија, основана во 2006 година, со добиена концесија на 30 години врз 100 хектари лозје, со четири видови на грозје (Шардоне, Ризлинг, Темјаника, Каберне Совињон).
Во склоп на винаријата е отворена продавница, која нуди можност нивните вина со врвен квалитет да можете да ги купите со секоја посета на винаријата со промотивни цени. Дополнителна удобност нуди и самиот ресторан, создаден во посебен и уникатен стил, со капацитет од 400 гости, во кој можете покрај вкусот на врвните вина да уживате и во мирисот и вкусот на беспрекорните кулинарски деликатеси.