Стариот град Стоби “…Stobis, vetere urbe…”, како што го нарекува римскиот историчар Ливиј, подигнат на влевот на Црна Река во Вардар, е најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија, подоцна главен град на провинцијата Macedonia Secunda и значаен урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две големи империи: римската и рановизантиската.
Сместен во срцето на Македонија, на крстопатот меѓу егејскиот свет и централниот Балкан, во текот на целокупниот период од своето постоење тој претставувал средиште, во кое се слевале културните придобивки на античкиот свет.
Денес, остатоците на овој надалеку познат археолошки локалитет се еднакво лесно пристапни од меѓународниот автопат Е-75, што го чини Стоби мошне популарна туристичка дестинација во Македонија. Ноќната илуминација на градските ѕидини и откриените градби дополнително ја нагласуваат неговата атрактивност и убавина.
Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на Курбиновскиот манастир, сместена над селото Курбиново, Преспа, во непосредна близина на Преспанското Езеро.
Во кругот на црквата се наоѓале старите селски гробишта на Курбиново, кои се користеле до 1921 година.
Од пепелта на старата руинирана воденица е никнат ресторанот Извор кај селото Манастирец на петнаесетина километри од Македонски Брод. Стерната камен ладна вода од утробата на планината некогаш ги вртела воденичките камења и пченицата ја мелела во брашно. А денес просторот е облагороден и е прераснат во модерен угостителски објект низ кој течат изворите во прегратките на столетните дрвја на брегот на Треска. И зимата е мека, така што посетителите не се ретки во снежниот амбиент. Со многу гурмански специјалитети на семејството Цветаноски од селото Манастирец веќе десет години го надградува семејниот бизнис, во кој се вклучени сопругите на браќата Владо и Јане. Природата и трудољубивоста се рецептот за постепениот растеж.
Местото “Бел рај“ се наоѓа во гевгелиското село Миравци и е познато свртилиште на младите.
Познато е по добрите забави, а доколку сте љубител на кампувањето, местото е одлично за престој во природа.
“Бел рај“ е познато излетничко место за гевгеличани, но добро е оваа убавина да се сподели да се сподели и со останатите, имајќи предвид дека летово ќе се потребни идеи за посета на места, доколку не може да се патува во странство поради кризата со коронавирусот.
Местото нуди и незаборавна можност за пливање во природни базени создадени од течение на река помеѓу карпи. Па освен што ќе бидете на чист планински водух, ќе имате можност и за капење.
Се смета дека славното славјано-македонското племе Мијаци, потекнува од некој древен царски или благороднички род.
Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. До ден денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната аристократска мијачка носија, за раскошните народни мијачки обичаи… А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус.
Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”, ресторанот ужива идилични окруженија. Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали.
Виното е срцето и душата на ова место, јасно изразена страст, а винскиот бар е местото каде што таа страст се споделува со остатокот од светот. Дрвениот ентериер, испегланите покривки, совршената топла светлина, музиката која што им дава смисла, претставуваат ансамбл на гестови кои дефинираат еден начин на живот.
Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија во близина на автопатот Е-75.
Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.
Винарска Визба Попова Кула е “greenfield” инвестиција. Изградбата на винарската визба започнала на 08 Октомври 2004 и до празникот Богородица, 28 Август 2005 била подготвена за првата берба и обработка на првото грозје.
По завршувањето на првата фаза и целосниот производствен капаcитет, се чекало уште две години пред да отпочне со работа со вински туризам.
Во винската индустрија се истакнауваат некои сорти на грозје, како што се Шардоне и Кабернет Совињон, или Мерлот и Совињон Бланк, како резултат на нивните извонредни каректеристики.
Хотелскиот комплекс Манастир е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура.
Со почитта кон историјата и традицијата, а со цел да не се наруши вонвременската убавина на градбата успеваме да постигнеме беспрекорна хармонија меѓу вековното и ново-создаденото со што создаваме целина во која ќе можете да се релаксирате и уживате во незаборавните вкусови на гастрономските специјалитети и автентичната етно атмосфера.