Комплексот Цареви Кули во Струмица кој се наоѓа на познатото место за Струмичани и околината – Чам Чифлик. Се стигнува со кола по новиот изграден пат Струмица – Попчево и е некаде околу 3 – 3.5 километри оддалечено од градот. Такси превоз ќе ве однесе до таму за 150-200 денари. Iма направено и соби за изнајмување. Можете да најдете и секаков вид на јадење, македонски специјалитети, скара, пица, кафенце итн.
Archives: Places
Комплекс Лебедово Езеро
На самиот пат кој води до с.Смолари и неодоливите Смоларски водопади, во подножијето на недопрената природа на Беласица се наоѓа комплексот Лебедово Езеро. На влезот ке ве дочекаат љубезни домаќини, а мирисот на прекрасната македонска кујна подготвена од врвни мајстори ке ве натера да ја пробате.
Во Комплексот Лебедово Езеро располагаме со сопствен паркинг простор за 150 возила, мотел со 60 легла, ресторант и летни тераси за 500 гости. Тука сме професионално и на највисоко ниво да ги органинзираме сите ваши домашни веселби, свадби, крштевки. Кога ќе сакате да им приредите еден незаборавен ден на вашите најмили дојдете посететене, не затоа што за нив имаме детско катче полно со играчки за забава, но тука е и мини зоолошта градина која секако ке им го привлече вниманието на вашите најмили.
Картал Винарија
Винарската визба КАРТАЛ е основана како резултат на фамилијарна традиција, почит кон виното и виновата лоза.
Лоцирана во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 100.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, Картал винарската визба Ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино. Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која енолозите ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните карактеристики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание.
Бела Виста
Ресторанот “BELLA VISTA” е најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството и претставува и своевидeн ресторан – музеj во комфорт на амбиенталнaта градба.
Терасата на ресторанот има прекрасен поглед и гарантира уживање во прекрасни мигови и прекрасно жуборење на Беловишка река. Убав поглед на полошката котлина од каде доаѓа и називот на самиот ресторан “BELLA VISTA”,стариот назив на с.Беловиште.
Хотел Бистра
Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Овој внимателно дизајниран хотел е дом на извонредна услуга, традиционална хотелска архитектура и иновативни идеи.
Добрата местоположба и погледот на наметнување на планината Бистра се прекрасни. Добра почетна точка за планински велосипедизам, разни спортски терени, планинарење и качување во текот на летото, како и за скијање во зима.
Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.
Ресторанот нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.
Вила Осоговска Куќа
Вилата Осоговска Куќа се наоѓа 1250 метри надморска височина, 12 км одалечена од Кочани и 6 километри од туристичкиот центар Пониква, на само 120 метри од главниот пат кој води кон Пониква и е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската бука.
Вилата Осоговска Куќа има капацитет да прими 18 особи и располага со 8 спални, опремени со ТВ и централно греење, тоалети/ купатила.
Ресторантскиот дел е на неколку метри од вилата , со камин , опремен со фурна, скара, вршник и комплетна кујна, со капацитет за 40 особи.
Дворното место од 2000 метри квадратни е украсено со неколку летниковци , детски лулашки , фонтана и огниште.
Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини.
Храната во Вилата Осоговска Куќа можете сами да ја подготвите или по ваша желба да биде припремена од наша страна.
Мокринските извори
Мокрино е село во Општина Ново Село, источно од градот Струмица. Се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри и до него се доаѓа по солиден асфалтен пат. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат издашност од 40 литри вода во секунда. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога луѓето се доселиле на тоа место, започнале местото, а подоцна и селото да го викаат Мокрино. Интересно е да се спомене дека во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои и на Мокрино, кој се споменува како посед на некој си Рудл кој живеел во Струмица. Познато е дека Мокрино и неколку други села, уште пред Турското завладување биле дадени за посед на Хиландарскиот манастир. Ваквиот статус го задржале се до битката кај Ровин во 1394 година, кога господари станале Турците. Важно е да се одбележи дека меѓу сите села, само во Мокрино не се населиле турски колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.
Село Клисура
Селото Клисура се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија на околу 5 км јужно од Демир Капија. До селото се доаѓа преку стариот макадамски пат за Гевгелија кој минува кај железничката станица Клисура. Овде всушност била правата локација на селото кое поради изградбата на пругата било преселено кон запад.
Денес во селото Клисура живеат само две домаќинства од кои пак ќе бидете љубезно пречекани, угостени и запознаени со убавините на оваа недопрена природа, со месноста Краставец, преубавиот манастир Св. Никола како и со природниот феномен кој е необичен за овие простори и кој несомнемо треба да се види и доживее – долината на кактусите.
Долина на кактусите го нарекуваат местото што се наоѓа веднаш над селото кое како да е послано со тепих од кактуси и со својата убавина ве остава без зборови.
Лесновски манастир
На југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од околу 870 метри, во селото Лесново се наоѓа манастирот “Свети Архангел Михаил и пустиножителот Гаврил Лесновски”, меѓу народот повеќе познат како Лесновски манастир.
Се смета дека ктиторот на црквата “Свети Архангел Михаил” е деспотот Јован Оливер, кој во 1341 година ја подигнал оваа црква врз темелите на некоја постара базилика, која постоела во времето на анахоретот Гаврил.
Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиножителот Гаврил Лесновски.
Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година е наведено дека за време на неговиот живот манастирот постоел и тој таму се замонашил.
Постои мислење дека манастирот бил изграден кога тој се замонашил или, пак, по неговата смрт, кога се развил култот за подвизнишкиот живот (како што е наведено во неговото кратко житие од 1330 година). Од особено значење во Лесновскиот манастир е иконостасот од 1814 година, изработен во релативно покрупна резба од мајсторското длето на познатата мијачка копаничарска школа предводена од Петре Филиповски-Гарката.Сегашниот иконостас е поставен на местото на некој постар, кој е отстранет од црквата.
Зрзе
Зрзе е познато село во околината на Прилеп на северозападната страна на Пелагонија. Се наоѓа во крајниот северозападен дел на Прилепското Поле недалеку од Порече. Сместено е на територијата на Општина Долнени на границата со соседната Општина Македонски Брод. Западно од Зрзе е високиот варовнички масив на планината Даутица, додека на исток се простира пространа плодна низина. Селото е планинско на надморска височина од 720 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 33 километри.