Places Archive | Page 9 of 12 | Каде за Викенд

Куклица

Камени Кукли — карпести образби кај с. Куклица, Кратовско, на десната долинска страна на Крива Река, поточно на еродираниот дел од нејзината речна тераса, на надморска височина од 415-420 метри. Целата појава е распространета на површина од околу 0,3-0,4 км2, при што се утврдени околу 120 помали и околу 15 поголеми образби.

Аурора resport & spa

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.

Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…

Вила Клепало

На петнаесет километри од Берово во близина на граничниот премин Клепало скриена во ладовините на густа борова и букова шума се наоѓа вила Клепало. Вилата располага со капацитет од 40 легла, 6 Апартмани опремени со спални, гарнитури, сопствени бањи,ТВ, сателитска, парно и соларна енергија. Во склоп на објектот функционира и ресторан за 40 лица кој ви овозможува приготвување на локални специјалитети ,свежа пастрмка и крап од сопствениот рибник и секаков вид на храна по ваша желба. Истотака има и повеќе заеднички кујни за самостојна исхрана. Простран двор со паркинг простор, летниковец, базент, рибник, фурна, скара и спортски терен е погоден за фамилијарен престој, одмор, спорт и рекреација.

Станечки водопади

Станечки водопад или Станечки водопади на Козја Река (десна притока на Дурачка Река, која во градот Крива Паланка се влева во Крива Река), се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, 8 км јужно од Крива Паланка. До самото село Станци во долината на Дурачка Река, води асфалтен пат долг 5 км. Потоа се тргнува по патека која води покрај Козја Река и по околу 3 км или 30-тина минути пешачење се доаѓа до големиот Станечки водопад. Водопадот е на  надморска височина од 1160 м и функционира во текот на целата година. Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини. Во подножјето на овој ерозивен водопад, со вртложното движење на водата е создаден голем природен базен што ја прави посетата на овој простор да биде извонредно доживување.

Село Брајчино, Љубојно

Две преспански села, на кои нема да останете рамнодушни. Уште од првото стапнување ќе се воодушевите на куќите изградени од камен. Убави на лик, а уште повеќе разубавени со различни цвеќиња на речиси секоја куќа, за момент ќе помислите дека сте некаде во странство.

Љубојно се наоѓа на надморска височина од околу 920 метри и зафаќа простор од околу 13 километри квадратни. Љубојно е оддалечено околу 28 километри од општинскиот центар Ресен, а шеесетина километри од Битола и од Охрид. Според народните преданија, Љубојно своето име го добило од зборот „љубов“.

Малку погоре, на надморска височина од 1000 метри е сместено Брајчино.  Благодарение на Брајчинска река и фантастичната шума, ќе се потсетите што значи да се дише чист и свеж воздух. И она што сте го доживеале во Љубојно, добива свое продолжение тука.

Село Велестово

Селoто Велестово лежи на планината Галичица (Петрино), на надморска височина од 1250 m. Оваа преубава планинска населба има изразито добра микро-клима, а надополнета со амбиенталната совршеност, претставува вистински практичен викенд избор за бегство од современиот урбан живот. Токму пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село. Погледот на Охридското Езеро и градот Охрид, буди чувство на беспрекорност и неповторливост.

Кокино

Опсерваторијата Кокино се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. До неа води асфалтен пат, а последните 500 метри треба да се пешачи за да се стигне до самата опсерваторија. Таа е поставена на врвот „Татиќев Камен“, на надморска висина од 1.030 метри. Таа е датирана во 1800 г. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5.000 квадратни метри.

Според наодите на археолозите, на наоѓалиштето Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. Во наоѓалиштето има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. При откривањето на наоѓалиштето пронајдени се бројни артефакти (керамички чинии, амфороидни садови, камени секири итн.).

Трескавец

Трескавец — манастир во областа Пелагонија, на 10 километри од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв (1422 м). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево.

До 2013 година, кога бил изграден асфалтен пат до манастирот Трескавец, се велело дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можело да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија.

Маркови Кули

Тврдината Маркови Кули, го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Опкружена со стрмни падини покриени со монументални гранитни карпи, некогашната населба се наоѓа на 120 до 180 метри висок рид. Големата тврдина се издигнува над Прилеп, еден од најстарите градови во нашата земја кој бил и главен град на средновековното кралство на кралевите Волкашин и Марко и место каде може да се почуствува духот на средновековната ера. Прилеп секогаш претставувал упориште на Македонските владетели, тоа е град кој е посветен на својата култура и традиција, на своите легенди и херои.