На самиот пат кој води до с.Смолари и неодоливите Смоларски водопади, во подножијето на недопрената природа на Беласица се наоѓа комплексот Лебедово Езеро. На влезот ке ве дочекаат љубезни домаќини, а мирисот на прекрасната македонска кујна подготвена од врвни мајстори ке ве натера да ја пробате.
Во Комплексот Лебедово Езеро располагаме со сопствен паркинг простор за 150 возила, мотел со 60 легла, ресторант и летни тераси за 500 гости. Тука сме професионално и на највисоко ниво да ги органинзираме сите ваши домашни веселби, свадби, крштевки. Кога ќе сакате да им приредите еден незаборавен ден на вашите најмили дојдете посететене, не затоа што за нив имаме детско катче полно со играчки за забава, но тука е и мини зоолошта градина која секако ке им го привлече вниманието на вашите најмили.
Tip na mesto: Природа
Мокринските извори
Мокрино е село во Општина Ново Село, источно од градот Струмица. Се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри и до него се доаѓа по солиден асфалтен пат. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат издашност од 40 литри вода во секунда. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога луѓето се доселиле на тоа место, започнале местото, а подоцна и селото да го викаат Мокрино. Интересно е да се спомене дека во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои и на Мокрино, кој се споменува како посед на некој си Рудл кој живеел во Струмица. Познато е дека Мокрино и неколку други села, уште пред Турското завладување биле дадени за посед на Хиландарскиот манастир. Ваквиот статус го задржале се до битката кај Ровин во 1394 година, кога господари станале Турците. Важно е да се одбележи дека меѓу сите села, само во Мокрино не се населиле турски колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.
Село Клисура
Селото Клисура се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија на околу 5 км јужно од Демир Капија. До селото се доаѓа преку стариот макадамски пат за Гевгелија кој минува кај железничката станица Клисура. Овде всушност била правата локација на селото кое поради изградбата на пругата било преселено кон запад.
Денес во селото Клисура живеат само две домаќинства од кои пак ќе бидете љубезно пречекани, угостени и запознаени со убавините на оваа недопрена природа, со месноста Краставец, преубавиот манастир Св. Никола како и со природниот феномен кој е необичен за овие простори и кој несомнемо треба да се види и доживее – долината на кактусите.
Долина на кактусите го нарекуваат местото што се наоѓа веднаш над селото кое како да е послано со тепих од кактуси и со својата убавина ве остава без зборови.
Зрзе
Зрзе е познато село во околината на Прилеп на северозападната страна на Пелагонија. Се наоѓа во крајниот северозападен дел на Прилепското Поле недалеку од Порече. Сместено е на територијата на Општина Долнени на границата со соседната Општина Македонски Брод. Западно од Зрзе е високиот варовнички масив на планината Даутица, додека на исток се простира пространа плодна низина. Селото е планинско на надморска височина од 720 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 33 километри.
Куклица
Камени Кукли — карпести образби кај с. Куклица, Кратовско, на десната долинска страна на Крива Река, поточно на еродираниот дел од нејзината речна тераса, на надморска височина од 415-420 метри. Целата појава е распространета на површина од околу 0,3-0,4 км2, при што се утврдени околу 120 помали и околу 15 поголеми образби.
Станечки водопади
Станечки водопад или Станечки водопади на Козја Река (десна притока на Дурачка Река, која во градот Крива Паланка се влева во Крива Река), се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, 8 км јужно од Крива Паланка. До самото село Станци во долината на Дурачка Река, води асфалтен пат долг 5 км. Потоа се тргнува по патека која води покрај Козја Река и по околу 3 км или 30-тина минути пешачење се доаѓа до големиот Станечки водопад. Водопадот е на надморска височина од 1160 м и функционира во текот на целата година. Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини. Во подножјето на овој ерозивен водопад, со вртложното движење на водата е создаден голем природен базен што ја прави посетата на овој простор да биде извонредно доживување.
Село Брајчино, Љубојно
Две преспански села, на кои нема да останете рамнодушни. Уште од првото стапнување ќе се воодушевите на куќите изградени од камен. Убави на лик, а уште повеќе разубавени со различни цвеќиња на речиси секоја куќа, за момент ќе помислите дека сте некаде во странство.
Љубојно се наоѓа на надморска височина од околу 920 метри и зафаќа простор од околу 13 километри квадратни. Љубојно е оддалечено околу 28 километри од општинскиот центар Ресен, а шеесетина километри од Битола и од Охрид. Според народните преданија, Љубојно своето име го добило од зборот „љубов“.
Малку погоре, на надморска височина од 1000 метри е сместено Брајчино. Благодарение на Брајчинска река и фантастичната шума, ќе се потсетите што значи да се дише чист и свеж воздух. И она што сте го доживеале во Љубојно, добива свое продолжение тука.
Село Велестово
Селoто Велестово лежи на планината Галичица (Петрино), на надморска височина од 1250 m. Оваа преубава планинска населба има изразито добра микро-клима, а надополнета со амбиенталната совршеност, претставува вистински практичен викенд избор за бегство од современиот урбан живот. Токму пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село. Погледот на Охридското Езеро и градот Охрид, буди чувство на беспрекорност и неповторливост.
Парк Гиновци
Маркови Кули
Тврдината Маркови Кули, го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Опкружена со стрмни падини покриени со монументални гранитни карпи, некогашната населба се наоѓа на 120 до 180 метри висок рид. Големата тврдина се издигнува над Прилеп, еден од најстарите градови во нашата земја кој бил и главен град на средновековното кралство на кралевите Волкашин и Марко и место каде може да се почуствува духот на средновековната ера. Прилеп секогаш претставувал упориште на Македонските владетели, тоа е град кој е посветен на својата култура и традиција, на своите легенди и херои.