Ресторанот Фрателис Визиана се наоѓа на 20км од Куманово. Сместен во близина на изворот Визиана, во прекрасен амбиент на убавините на природата.
Ресторанот располага со беспрекорна услуга и врвни специјалитети со единствен вкус. Како на рибен ресторан, најпознати се специјалитетот цементиран сом и крап, како и белата пастрмка приготвена на скара.
Во уникатен украсен амбиент, со звуците на традиционалната македонска музика, на место каде што нежно се допираат Охридското езеро и чистиот планински воздух, само за вас ја споивме љубовта кон македонската кујна и хедонизмот.
Нашата храна е инспирирана од традицијата, базирана на старите рецепти на нашата баба. Не го забораваме минатото, го оживуваме. Со чаша домашна ракија, ќе го вкусите зеленчукот од нашата градина, леб печен од рацете на вредни домаќини, стари и веќе малку заборавени пити и џомлезе, а потоа да ве изненадиме со вкусни специјалитети од месо варени од нашата тајна и уникатна рецепти.
Ако сакате да вкусите нешто ново и различно, ве чекаме.
Рибникот Нежилово е изграден во истоименото село во пазувите на планината Јакупица. Тој располага со 16 соби, 65 кревети, два апартмани, сала за семинари за сто посетители, рибен ресторан. Се смета дека овој објект ќе даде дополнителен развој на туризмот во регионот на Азот.
Рибникот е сместен покрај реката Бабуна, на патеката за врвот Солунска глава на неколку километри од селото Богомила. Рибникот Нежилово е меѓу најпознатите брендови на Азот и во него доаѓаат гости од сите краишта на Македонија на калифорниска и златна пастрмка.
Гостилница рибник СОНЧЕВА КУЌА Сопиште , се наоѓа на падините на Водно од сончева страна, на 560м надморска висина и на само 7 км од центарот на градот. Свеж планински воздух и прекрасен поглед на градот , одличен амбиент, квалитетна кујна и врвна услуга. прекрасно уредениот двор Ви овозможува да се чуствувате пријатно и во летните горештини да избегате од градската врева за да се освежите во базеноткој на ресторанот му дава посебна убавина.
Прекрасниот амбиент го дополнува звукот на тивката музика кои ви ндат неповторливи мигови на мошне опуштена и пријатна атмосверa.
Гостилница Сончева куќа ви нуди можност за уживање во специјални моменти, Вашите семејни прослави, деловни ручеци и вечери, прославете ги во прекрасниот двор кој има капацитет на 120 гости или во внатрешниот дел кој можед а прими 54 гости, а вашите возила иамме обезбедено сопствен паркинг.