Панорамски поглед, богата гастрономија и пријателска услуга.
Лоцирани во прекрасната околина во село Вруток, ја обезбедуваат најдобрата панорама на природата. Инспирирани од 1996 година, Панорама секогаш Ви обезбедува услуга, вкус и квалитет. Секогаш со изборот на највкусната храна, особено со подготвување на сите видови на риба, се Панорама се стекна со искуство и авторитет со кои денес се синоним за вкусна храна.
Мотелот и ресторан Пешна се наоѓа во непосредна близина на градот Македонски Брод од кој е одалечен само 7 километри,од Скопје 70 км преку националниот парк Јасен,од Кичево 33км, од Прилеп 38км. Се протега на површина од 8000м2.
Во основа е рибен ресторан со сопствени рибници,но има и многу други традиционални специјалитети кои може да ги пробате.Името го добива според најголемата пештера на балканот “Пешна”,која е одалечена само 700 метри. Меѓутоа тоа не е се,500 метри западно преку реката Треска се наоѓаат кулите во кои живеела сестрата на Крали Марко чиишто ѕидини кријат застрашувачки средновековни тајни,а во непосредна близина на ресторанот е и туристичката атракција, реката Понорница од која што извира и тече СОЛЕНА ВОДА.
Во регионот на областа Азот во средишниот дел на Македонија се наоѓа рај кој нема да ве остави рамнодушни -РИБНИК РЕСТОРАН ОМОРАНИ
Ресторанот се наоѓа на брегот на реката Бабуна која е една од најчистите реки во Македонија.Опкружен е со ридови,зеленило,свеж воздух и жубор на вода. Идеално место за дружба и изолирање од градското сокојдневие.
Рибник Ресторан Оморани активно работи од 2014година.Тука секојдневно а особено во летниот период ,за викендите и за празниците доаѓаат гости од целата држава и пишироко-пречекан и со топла гостопримливост.
Рибниот ресторан Планинска куќа се наоѓа во село Бистрица, Битола, покрај Бистричка река во една неповтролива природа.
Нудат богата винска карта со секакви сортни вина од различни винарии, убавата риба оди со убаво вино, нели?
Целата оваа прилика се зачинува со прекрасниот поглед од летната тераса или пријатната топла внатрешна атмосфера од ресторантот. За оние кои обожаваат риба, златната пастрмка со црвено месо е вкус кој долго ќе остане во вашите сеќавања, кои ќе сакате да ги поворите.
Изборот на рибата спремна на плотна, пржена или во фолија, нема да ви претставува проблем, зошто кој начин и да оберете ќе биде правиот.
Рибен ресторан Елита се наоѓа во месноста Болован на регионалниот пат Богданци – Дојран. Ресторанот е опкружен со прекрасна природа и две мали езерца, и претставува идеално место за да се побегне од летните горештини и градски гужви. Ресторанот се состои од внатрешен дел и летна тераса, со поглед на двете езерца. Како специјалитет на ресторанот може да вкусите неколку видови риба како што се крап, пастрмка, сом и лосос.