Ресторани Archives | Page 3 of 4 | Каде за Викенд

Етно село Тимчевски

Комплексот Етно Село “Тимчевски“, сместен во природно опкружување на реката Пчиња, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.

Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.

Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.

Етно ресторан Св. Петка

Во уникатен украсен амбиент, со звуците на традиционалната македонска музика, на место каде што нежно се допираат Охридското езеро и чистиот планински воздух, само за вас ја споивме љубовта кон македонската кујна и хедонизмот.

Нашата храна е инспирирана од традицијата, базирана на старите рецепти на нашата баба. Не го забораваме минатото, го оживуваме. Со чаша домашна ракија, ќе го вкусите зеленчукот од нашата градина, леб печен од рацете на вредни домаќини, стари и веќе малку заборавени пити и џомлезе, а потоа да ве изненадиме со вкусни специјалитети од месо варени од нашата тајна и уникатна рецепти.

Ако сакате да вкусите нешто ново и различно, ве чекаме.

Негорски Бањи

Негорски бањи се модерен здравствен и туристички центар за продолжен третман и рехабилитација на пациенти во модерно опремени простории за сите видови на терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација.

Комплексот се наоѓа на далечина од 3км од Гевгелија, на надморска височина од 50 метри. Лоциран е во многу специфична средина, во подножјето на планината Кожуф, помеѓу богата и ретка јасенова шума, која формира природен парк. Јасеновата шума зафаќа површина од 22 хектари околу комплексот.

Јавор Џоко

Ресторанот Јавор–Џоко се наоѓа во населеното место Мрзенци, на само неколку километри од Гевгелија. Има капацитет од 80 седишта во ресторанот и 40 седишта во летната тераса. Ресторанот има реноме, кое се протега на територија на целиот Балкански полуостров, а особено е познат по приготвувањето на повеќе видови  специјалитети од јагнешко месо, како што се јагнешко печење, јагнешки котлети на скара. Ресторанот е често посетуван од домашни и странски туристи, но и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Ресторанот нуди прекрасна услуга и внимание за секој гостин и претставува идеално место за гурмани. Овде може да пробате и јадења, како на пример: македонска салата, шопска салата, пинџур, црн патлиџан, таратор, похувани тиквици, телешки мускул-печен, јагнешки џигер, бубрег момици.

Вила Весница

20 годишната традиција на „Mecho’s pizza&restaurant“ продолжува во досега невиден топол, рурален и рустичен амбиент на Етно Гостилница „Вила Весница“ на Чардак, во атарот на општината Чучер-Сандево. На само 15км од центарот на Скопје, на површина од 3000м и 50 столчиња за сместување во зимскиот период и над 200 сместувачки столчиња во градината, секој ден освен понеделник. имате единствена можност градската врева и смог да ги замените со незаборавни моменти крај топлото огниште на гостилницата, притоа уживајќи во глетката на недопрената природа крај речното корито кое не опкружува и домашните специјалитети од раката на угостителскиот доајен Мечо. На надморска височина од 475 метри, со ниту еден индустриски објект во близината, почестете ги Вашите бели дробови со пријатна оддишка, а гурманските приказни нека донесат благодет на Вашиот абдомен.

Напоменуваме-сите производи со кои може да Ве послужиме се од домашно, сопствено производство.

Но, велат, една слика менува илјада зборови.

Ние велиме-една посета менува илјада слики.

Белојшки Бисер

Во срцето на недопрената природата, слушајќи го жуборот на реката вкусете ја најдобрата храна.
Белојшки Бисер се наоѓа во непосредна близина на излетничкото место Петачко Водиче, на самиот пат кој води до Петачко Водиче од левата страна. Во близина на ресторанот има прекрасна природа, извор со лековита вода, манастир, мала црквичка, водопад и уште многу работи кои вреди да се видат.

Риверсајд Гарден

Ресторанот „Риверсајд Гарден” се наоѓа на самиот брег на реката Треска веднаш до мостот меѓу Сарај и Грчец.

Во  нивната голема градина, во сенките на големи дрва опкружени со зеленило, или во нивниот покриен дел,  на маси од оревово дрво ќе можете да се опуштите со звуците на џез и блуз со семејството или пријателите.

Нивната кујна ќе ви понуди богат избор од локални производи, зеленчук, риба и месо зготвени по балкански и интернационални рецепти. Но и пиците на нивниот искусен пица-мајстор секако привлекуваат големо внимание.

Комплекс Цареви Кули

Комплексот Цареви Кули во Струмица кој се наоѓа на познатото место за Струмичани и околината – Чам Чифлик. Се стигнува со кола по новиот изграден пат Струмица – Попчево и е некаде околу 3 – 3.5 километри оддалечено од градот. Такси превоз ќе ве однесе до таму за 150-200 денари. Iма направено и соби за изнајмување. Можете да најдете и секаков вид на јадење, македонски специјалитети, скара, пица, кафенце итн.

Комплекс Лебедово Езеро

На самиот пат кој води до с.Смолари и неодоливите Смоларски водопади, во подножијето на недопрената природа на Беласица се наоѓа комплексот Лебедово Езеро. На влезот ке ве дочекаат љубезни домаќини, а мирисот на прекрасната македонска кујна подготвена од врвни мајстори ке ве натера да ја пробате.
Во Комплексот Лебедово Езеро располагаме со сопствен паркинг простор за 150 возила, мотел со 60 легла, ресторант и летни тераси за 500 гости. Тука сме професионално и на највисоко ниво да ги органинзираме сите ваши домашни веселби, свадби, крштевки. Кога ќе сакате да им приредите еден незаборавен ден на вашите најмили дојдете посететене, не затоа што за нив имаме детско катче полно со играчки за забава, но тука е и мини зоолошта градина која секако ке им го привлече вниманието на вашите најмили.