Places Archive | Page 3 of 12 | Каде за Викенд

Хотел Радика

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Хотел Неда Галичник

Хотел Неда се наоѓа на надморска висина од 1420 m, во самата прегратка на небото и земјата, во еден занослив предел со бајковита убавина – на падините на планината Бистра, во селото Галичник. Изграден е 1980 во традиционален македонски стил. Магијата на природата и фантастичната архитектура, во совршена вплотеност се вистински предизвик и за очите, и за духот. Значи, во хотелот се добредојдени сите љубители на селскиот туризам, на планинарењето, на пешачењето, на планинскиот велосипедизам.

Етно Куќа кај мостот

Етно куќа „Кај Мостот“ во село Зовиќ (Мариово) – Општина Новаци. Традиционална Македонска храна од Мариово со голем број на гурмански специјалитети.
Можност за ноќевање во село Зовиќ. Посетете го село Зовиќ и надалеку познатиот „Фимски мост“, манастирот Чебрен, чистата Градешка Река, живописната природа и големиот број на места и локации во Мариово.

Вила Катерина

Вила Катерина е планинско одморалиште лоцирано на Кожуф планина-Смрдлива вода, Југоисточна Македонија.
Располага со 4-три креветни соби, секоја опремена со бања.

Одлично место каде може да дишете чист и свеж планински воздух и да се релаксирате од брзиот и динамичен живот, градската гужва и напорните работни денови.

Како што е познато, Македонија има голем број планини, од кои повеќето се „сочувани“, чисти, со разновидни природни богатства, шуми, реки, пријатна клима и други атрактивности кои ги привлекуваат посетителите. Затоа, некои планини се веќе ставени во туристичката понуда и се доста посетени, други пак сега почнуваат да ги привлекуваат туристите, а некои сеуште не ја доживеале својата вистинска валоризација.

Ранчо и Ванчо на Ката

Реставрираната куќа е наменета за селски туризам, со можност за подготвување на храна и организирање на други активности, според желбите на гостите.
Располага со 3 соби на горниот спрат и 3 купатила, со можност за ноќевање за 8 гости. На долниот спрат се наоѓа комплетно опремена кујна, трпезарија и простор за дневен престој. Во дворот се наоѓа летна кујна, натстрешница од дрвени греди и базен, а за вистинско уживање во стилот на 19-от век, осмислен е и дел за „турско седење“.
Така, на еден простор гостите можат автентично да го доловат животот во селски амбиент и истовремено да уживаат во удобноста на објектот.

Рибник Слив

СЛИВ – Бисер на угостителството во источниот регион на Македонија. Располагаме со два сместувачки објекти кои работат наизменично во однос на временските услови и тоа:
Хотел Слив се наоѓа на ул. Кочански пат бр. 2, на самиот влез во градот Виница со сместувачки капацитет како и ресторан со богато мени со македонска традиционална и современа кујна.
Најпознат специјалитет и особен белег се се вкусните СЛИВСКИ пастрмајлии прочуени надалеку.
Обично работи само зимска сезона.
Рибник Слив се наоѓа на самиот пат Виница-Берово, на ул. Горна Осојница бб и располага со летна тераса која работи и фунционира во периодот од април до септември. Она по што се разликува од другите во регионот е недопрената природна убавина околу во која може да избегате и уживате надвор од градскиот метеж и загаденост. Исто така, уживањето може да го проследите со богато мени меѓу кои се издвојува вкусно подготвената свежа пастрамка.
Во двата објекти се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 според протокол од надлежни институции.

Рибник Оморани

Во регионот на областа Азот во средишниот дел на Македонија се наоѓа рај кој нема да  ве остави рамнодушни -РИБНИК РЕСТОРАН ОМОРАНИ

Ресторанот се наоѓа на брегот на реката Бабуна која е една од најчистите реки во Македонија.Опкружен е со ридови,зеленило,свеж воздух и жубор на вода. Идеално место за дружба и изолирање од градското сокојдневие.

Рибник Ресторан Оморани активно работи од 2014година.Тука секојдневно а особено во летниот период ,за викендите и за празниците доаѓаат гости од целата држава и пишироко-пречекан и со топла гостопримливост.

Вила Љуботен


Добродојдовте во Вила Љуботен, место за одмор и релаксација кое се наоѓа во потполно мирно и зелено опкружување на сончева падина под врвот Љуботен. Домаќинската атмосфера во вилата и мирот кој зрачи претставуваат идеално место за сите кои бегаат од секојдневниот и брзиот ритам на живот во подруг и поопуштен свет.

Мирот и незаборавниот поглед во текот на сите годишни времиња ги привлекува гостите. Сликовитиот природен пејсаж и околината на Вилав Љуботен се составени од прекрасни пасишта, природни реки и езера.

До Вилата се стигнува од Тетово до Старо Село по асвалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат и маркирана патека која започнува од информативната табла во селото.