Куратица се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместе-но е во пазувите на планинскиот масив Мазатар. Леонов Двор се наоѓа во срцето на село Куратица , во самиот центар , на спроти селското училиште.
Во склоп на фирмата КРСТЕЦ КОМЕРЦ , работи ЛЕОНОВ ДВОР којви нуди одлична можност да избегате од градскиот метеж и сами или во групи , со претходна најава за организација да бидете во спој со недопрената природа и изворната традиција.
Ресторанот постои уште од 1984год. под името “Јавор Перо”, а во 2004год. е ребрендиран во Јавор Агапи. Лоциран е на влезот од село Мрзенци, на 3км од грчката граница. Ресторанот нуди инзвонредна услуга и квалитетна храна.
Специјалитети на куќата се јагнешко печеније, јагнешки котлети на жар и телешки мускул.
Од 2004год. во Скопје е отворен уште еден ресторант Јавор Мрзенци- меана B.
Рибен ресторан Елита се наоѓа во месноста Болован на регионалниот пат Богданци – Дојран. Ресторанот е опкружен со прекрасна природа и две мали езерца, и претставува идеално место за да се побегне од летните горештини и градски гужви. Ресторанот се состои од внатрешен дел и летна тераса, со поглед на двете езерца. Како специјалитет на ресторанот може да вкусите неколку видови риба како што се крап, пастрмка, сом и лосос.
Под падините на Шара, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден. На само 20 минути возење од Скопје Ве очекува тим на професионални готвачи кои посветено и со голем ентузијазам создаваат нови вкусови кој ќе ви ги разбуди сетилата. Со својот идиличен рустичен амбиент во прекрасна градина на повеќе од 10.000 м2, Електра Гарден претставува место за опуштање и уживање за целото семејство. Со посебен акцент на најмалите, просторот е адаптиран со игралиште, декоративно езеро со фонтани како и пространи тревници каде можат дечињата безгрижно да си играат.
Во најжешките летни денови, свежиот воздух кој патува од падините на Шара дополнително го зголемува ефектот на максимално уживање. Место далеку од градскиот метеж и бучава, направено за Ваше задоволство.
Ако сакате вистински одмор со сите удобности кои ги посакувате, тогаш посетете ја Вила Радожда и направете го вистинскиот избор! Вила Радожда е сместена на самиот брег на Охридското езеро, располага со современи апартмани, сопствен ресторан и летна тераса каде ќе бидете одлично услужени со вкусна храна. на вас ви останува само да уживате во прекрасната глетка на синот езеро да уживате во убавата плажа, живописното зајдисонце и прекрасниот пејзаж.
Бел Камен е трет по големина врв на планината Плачковица и се наога на надморска висина од 1707м.
На падините под овој врв на растојание од 45 000 м2, обиколен со богата густа букова и борова шума се простира и хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН на надморска висина од 1450м.
Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејки се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина.
Главниот ресторант нуди лепеза на гастрономски уживања кои се инспирирани од локалното национално богатство на македонска кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло кои се привилегија на планината Плачковица.
Етно ресторан Бабино е вгнезден во недогледна шума во атарот на селото Бабино, Демир Хисар. Комплексот опфаќа површина од 15 000 квадратни метри од кои 2500 метри квадратни се водена површина, опколена со мала зоолошка градина, езерца за одгледување речна пастрмка и тревник. Водата во изворот Бабинска Река што ја користи и рибникот е со константна температура од 12 степени целзиусови во текот на целата година (лето и зима), што е идеално за одгледување на калифорниска пастрмка.
Ова место во една од најчистите еколошки територии во нашата земја, исполнето со зеленило на недопрена природа,извори на пивка вода, чист воздук, инспиративен мир Ви нуди прекрасни специјалитети од скара и риба надополнети со прекрасна природа и амбиент.