Сместен на надморска висина од 880 метри, Бањиште е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело и прекрасната храна. со вкупeн капацитет од 126 соби, овој ресорт е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и дел од медицинските простории (Април 2012).
Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, ресортот Бањиште однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости.
Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.
Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.
Хотел Неда се наоѓа на надморска висина од 1420 m, во самата прегратка на небото и земјата, во еден занослив предел со бајковита убавина – на падините на планината Бистра, во селото Галичник. Изграден е 1980 во традиционален македонски стил. Магијата на природата и фантастичната архитектура, во совршена вплотеност се вистински предизвик и за очите, и за духот. Значи, во хотелот се добредојдени сите љубители на селскиот туризам, на планинарењето, на пешачењето, на планинскиот велосипедизам.
Хотелот Шатор се наоѓа во југозападниот дел од Р.Македонија, лоциран во просторот помеѓу градот Битола и Националниот Парк Пелистер на самиот почеток подпелистерското село Трново, на надморска височина од 850 метри, сместен во сопствена раскошна зелена градина од брези и елови дрва.
Хотелот е поврзан со сообраќајна врска на патот кој го поврзува градот Битола и Националниот Парк Пелистер на растојание од 6 километри од центарот на градот Битола.
Хотелот во моментот располага со 13 луксузно уредени хотелски соби (двокреветни соби со помошни хотелски кревети и супериор соби), складно разместени на првото ниво на хотелот со поглед на градот Битола од источната страна и со поглед на планината Пелистер на југозападната страна каде што во текот на целиот ден комплетниот хотелски капацитет е осветлен со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.
Ако сакате вистински одмор со сите удобности кои ги посакувате, тогаш посетете ја Вила Радожда и направете го вистинскиот избор! Вила Радожда е сместена на самиот брег на Охридското езеро, располага со современи апартмани, сопствен ресторан и летна тераса каде ќе бидете одлично услужени со вкусна храна. на вас ви останува само да уживате во прекрасната глетка на синот езеро да уживате во убавата плажа, живописното зајдисонце и прекрасниот пејзаж.
Бел Камен е трет по големина врв на планината Плачковица и се наога на надморска висина од 1707м.
На падините под овој врв на растојание од 45 000 м2, обиколен со богата густа букова и борова шума се простира и хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН на надморска висина од 1450м.
Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејки се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина.
Главниот ресторант нуди лепеза на гастрономски уживања кои се инспирирани од локалното национално богатство на македонска кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло кои се привилегија на планината Плачковица.
Овој мал семеен хотел се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер. Пелистер еден од најстарите паркови на Балканот. Хотелот е на 4 км од градот Битола. Заштитен знак на Пелистер се јасната изворска вода и реки, од каде што може да се види Пелагонија , водопадите и глацијалните планински езера – Големото и Малото, исто така познати како Пелистерски Очи.
Фантастичните планински предели и чистиот воздух од тука обезбедуба живописна позадина за релаксирачки одмор дизајниран специјално за да одговара на вашите потреби.