Комплексот Етно Село “Тимчевски“, сместен во природно опкружување на реката Пчиња, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.
Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.
Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.
Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар. Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра.
По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отвара голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини.
Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува Калин Хотел во Лазарополе.
Калин Хотел за своите гости, по желба организира излети до соседните прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки како и посета на манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски.
За авантуристите Калин Хотел претставува почетна позиција за планинарење, планински велосипедизам, јавање на коњи и трчање со ски во текот на зимскиот период.
Негорски бањи се модерен здравствен и туристички центар за продолжен третман и рехабилитација на пациенти во модерно опремени простории за сите видови на терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација.
Комплексот се наоѓа на далечина од 3км од Гевгелија, на надморска височина од 50 метри. Лоциран е во многу специфична средина, во подножјето на планината Кожуф, помеѓу богата и ретка јасенова шума, која формира природен парк. Јасеновата шума зафаќа површина од 22 хектари околу комплексот.
Рибникот Нежилово е изграден во истоименото село во пазувите на планината Јакупица. Тој располага со 16 соби, 65 кревети, два апартмани, сала за семинари за сто посетители, рибен ресторан. Се смета дека овој објект ќе даде дополнителен развој на туризмот во регионот на Азот.
Рибникот е сместен покрај реката Бабуна, на патеката за врвот Солунска глава на неколку километри од селото Богомила. Рибникот Нежилово е меѓу најпознатите брендови на Азот и во него доаѓаат гости од сите краишта на Македонија на калифорниска и златна пастрмка.
Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Овој внимателно дизајниран хотел е дом на извонредна услуга, традиционална хотелска архитектура и иновативни идеи.
Добрата местоположба и погледот на наметнување на планината Бистра се прекрасни. Добра почетна точка за планински велосипедизам, разни спортски терени, планинарење и качување во текот на летото, како и за скијање во зима.
Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.
Ресторанот нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.
Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.
Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.
Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…
Во непосредна близина на Крива Паланка се наоѓа големото македонско духовно светилиште, манастирот Свети Јоаким Осоговски. Во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век се подвизувал преподобниот отец наш Јоаким Осоговски Чудотворец.
Со поглед на река, Туристички комплекс Бела Вода во Двориште обезбедува сместување, ресторан, сезонски отворен базен, заеднички салон, градина и тераса. Сите единици се со седење, телевизор со рамен екран со сателитски канали и приватна бања со фен, туш и када. Балкон со поглед на градината е понуден во секоја единица. Гостите во празничниот парк можат да уживаат во доручек или ала карт појадок. Возењето може да се ужива во близина. Струмица е на 34 километри од Туристички комплекс Бела Вода, додека Берово е на 23 километри.
Хотелскиот комплекс Манастир е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура.
Со почитта кон историјата и традицијата, а со цел да не се наруши вонвременската убавина на градбата успеваме да постигнеме беспрекорна хармонија меѓу вековното и ново-создаденото со што создаваме целина во која ќе можете да се релаксирате и уживате во незаборавните вкусови на гастрономските специјалитети и автентичната етно атмосфера.