Ресторани Archives | Каде за Викенд

Ресторан Панорама

Панорамски поглед, богата гастрономија и пријателска услуга.

Лоцирани во прекрасната околина во село Вруток, ја обезбедуваат најдобрата панорама на природата. Инспирирани од 1996 година, Панорама секогаш Ви обезбедува услуга, вкус и квалитет. Секогаш со изборот на највкусната храна, особено со подготвување на сите видови на риба, се Панорама се стекна со искуство и авторитет со кои денес се синоним за вкусна храна.

Етно Куќа кај мостот

Етно куќа „Кај Мостот“ во село Зовиќ (Мариово) – Општина Новаци. Традиционална Македонска храна од Мариово со голем број на гурмански специјалитети.
Можност за ноќевање во село Зовиќ. Посетете го село Зовиќ и надалеку познатиот „Фимски мост“, манастирот Чебрен, чистата Градешка Река, живописната природа и големиот број на места и локации во Мариово.

Осоговски Конак

На надморска височина од 1.650 метри, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини, сместен во предел со густа букова шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот центар Пониква.

Во самиот центар на туристичкиот центар ќе го пронајдете Мотел – Ресторанот “Осоговски Конак” кој е сместен во реновирана стара воена зграда, која е соодветно адаптирана за престој со сите потребни подробности. Амбиентот во ресторанот е автентичен за Осоговијата и благодарение на прекрасниот македонски мелос и вкусните македонски јадења, богати со дивеч и разновидни специјалитети типични за овој предел,  Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч и разновидни специјалитети од Осоговското поднежје.

Поволната клима, чистиот воздух и природните убавини се одлична можност за одмор на телото и умот. Прошетките и моментите кои ќе ги имате тука ќе бидат незаборавни.

Етно куќа ресторан манастир Јанковец

Во близина на Манастирот св.Богородица во населбата Јанковец (Ресен) се наоѓа Ресторанот „Манастир“. Опколен е со неверојатна природна убавина која му овозможува на човекот релаксација и пријатен амбиент. Тој е изграден во 1982г. И од тогаш ги краси овие простории и им овозможува доста среќни и незаборавни моменти. Дизајниран е во склоп на традицијата и модерното време. Тоа што го прави посебен и карактеристичен е фактот дека храната е направена од врвни мајстори и е обезбеден со највисоки светски и европски стандарди. Цените се поволни а самиот квалитет на храната е многу висок.

Кујната располага со разни видови специјалитети од: Скара, Риба и специјалитети од селска храна: