Природа Archives | Каде за Викенд

Лазарополе

Ако скршнете од патот Маврово – Дебар, кај Бошков Мост, на 145 км од Скопје (околу 2 часа возење), на 75 км од Гостивар и на 23 км од Дебар, ќе стигнете во село Лазарополе. Тие што ќе им биде првпат, ќе бидат воодушевени, тие другите – добро ќе знаат зошто се враќаат. Лазарополе е една од највисоките (на 1350 метри надморска височина) и најубавите селски населби во Република Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во југозападниот дел на живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон Гарска Река и планината Стогово.

Лазарополе има клима за мерак, со повремени медитерански влијанија кои навлегуваат од долините на Црни Дрим, Радика и Мала (Гарска) Река. Летата се свежи (особено навечер), а зимите благи и не многу сурови. Додека во жешките летни денови температурите во градовите се искачуваат и над 40°, во Лазарополе ретко ќе се печете на над 30 степени. Дури и кога е така, овој регион е познат по најголемото количество на врнежи во Македонија (над 1200 мм), а тоа значи изобилство од (недопрени) шуми и сенка. Како резултат, воздухот е кристално чист, свеж, а веруваат – и лековит. Всушност, Лазарополе е познато како место со најчист воздух на Балканот, а во Македонија е единственото место со мерна станица каде резултатите покажуваат чист воздух преку целата година.

Јанче

Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврово и Ростуша) — општина во западниот дел на Република Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево (порано Општина Зајас), на запад со Албанија, а на север со Општина Гостивар.

Михајлово

Сместено во пазувите на преубавата Кожуф планина, Детското одморалиште „Михајлово“  повторно се врати на туристичката мапа, и тоа не само како детско одморалиште кое ќе го врати митот за незаборавните лета на генерации деца кои се будеа под јарболот со македонското знаме, туку и како хотелски капацитет отворен за сите патници, намерници и вљубеници во планинскиот туризам.

Лоцирано на 40 километри од Кавадарци  со комплетно реконструиран пат, на надморска височина од 1200 метри, опколено со стара борова шума, „Михајлово“ ќе Ви понуди прекрасен престој во целосно реновирани и хотелски адаптирани соби, вкусни оброци подготвени на традиционален начин во со ХАСАП стандардизиран ресторан, спортски терени, пешачки стази, услови за планински велосипедизам…

За време на летниот период, „Михајлово“ повторно ќе биде омилената дестинација за сите деца кои сакаат да поминат еден поинаков одмор. Нудејќи им посебна програма, исполнета со многу спортски, културни и забавни содржини, „Михајлово“ е дефинитвно вистинскиот избор за одмор полн со спомени кои вечно се паметат.

 

Ресторан Панорама

Панорамски поглед, богата гастрономија и пријателска услуга.

Лоцирани во прекрасната околина во село Вруток, ја обезбедуваат најдобрата панорама на природата. Инспирирани од 1996 година, Панорама секогаш Ви обезбедува услуга, вкус и квалитет. Секогаш со изборот на највкусната храна, особено со подготвување на сите видови на риба, се Панорама се стекна со искуство и авторитет со кои денес се синоним за вкусна храна.

Sherpa horse riding

Јавачка експедиција е патување на коњ, што може да повлече неколку тешкотии, но ќе ве награди со искуство за паметење и сценографии што можеби никогаш нема да имате можност да ги видитe.

Rock Land Camp

Планинарење, туризам, тренинг, активности во природа, хостел, соби низ цела Македонија.

Пробуваме да направиме се што е можно за камперите, планинарите и за сите останати гости.
Добредојдовте во Rock Land Camp во Демир Капија!

Акватика Јахтинг – Охрид

Визија
Да бидеме клуб кој што ќе биде предводник на развојот на едриличарскиот спорт во Република Македонија, ќе привлекува и вклучува членови кои го сакаат овој спорт, со цел еден ден да станеме дел од светската едриличарска елита и под знамето на нашата држава да се претставиме на Олимписки игри.
Мисија:
– Да се промовира Едрењето , правејќи го достапно за целокупната општествена заедница;
– Да обезбедиме работна средина во која младите ќе развијат љубов и страст према едрењето;
– Да го подигнеме имиџот на Едрењето на едно повисоко ниво, преку организирање на силни национални и интернационални натпреварувања;
– Да бидеме активни членови во општествените случувања, остварувајќи соработка како со јавниот, така и со приватниот сектор;
– Да го направиме нашиот развој одржлив;
Цели:
– Да имаме тренинг-центар кој ќе ги задоволува потребите на членовите на клубот и школата за обука и кој ќе овозможи непречено одвивање на тековни те активности и иден раст;
– Да создадеме услови со кои ќе поттикнеме зголемување на членството;
– Да бидеме најдобар клуб во Р.Македонија преку обезбедување соодветни тренинг-програми за најдобрите членови;
– Да обезбедиме и одржиме конкурентност на нашите натпреварувачи на меѓународно ниво;

Види помалку.

Езерани – парк на природата

На северниот дел на Преспанското Езеро на површина од 1917 хектари се протега паркот на природата „Езерани“. Подрачјето е дел од листата сначајни орнитолошки локалитети, растителни подрачја и е на Рамзарската листа на најзначајни водни живеалишта во светот. За строг природен резерват е прогласен во 1996 година од страна на Собранието на Република Македонија со Законот за заштита на локалитетот Езетани. Со Законот за прогласување на локалитетот „Езерани“ на Преспанското Езеро за Парк на природата, повторно е прогласен на 17 февруари 2012 година.